Ако може да си кажам збор два за кремот кој јас го користам веќе скоро месец дена. Станува збор за еден крем кој сама го направив со салицилна киселина. Го направив најнапред за да видам какво е навистина дејството на овој вид на состојка, а потоа и затоа што имав црнки во пределот кај носот и на образите и сакав да видам за колку време ќе ги исчисти (салицилната е позната по тоа што прави пилинг и ги отстранува сите црнки). За да го видам тоа дејство не користев никакви маски од глина кои обично ги правам еднаш неделно, ниту пак физички пилинг. Само кремот во комбинација со тоник за лице со салицилна киселина. Кремот го направив со пх вредност 4,5 а тоникот со пх вредност 4 за поголемо ексфолијантно дејство. Помина скоро месец дена и можам да ви кажам дека лицето не ми било никогаш почисто во живот!!! Најнапред првата недела ми излегуваа бубуљички кои ги немав воопшто и не знаев од каде се појавија, меѓутоа салицилната има таков ефект, исфрла на површина сѐ што потенцијално имаш внатре. Не само што ги исфрла, туку и ги суши (откако ќе излезе веќе следниот ден се суши бубуљичката). По втората недела исчезнаа скоро сите црнки на носот и образите, без воопшто да ставам маска од глина. Салицилната ги елиминира мртвите клетки од кожата, и оние што доаѓаат под нив ја прават самата кожа поубава покомпактна и посјајна, и навистина лицето има неверојатен сјај и мазно е на допир. Исто така на челото имам една флека од сонцето и таа доста се избледи. Ете морав да го споделам ова со вас затоа што сум пресреќна. Наутро користам само хијалуронска чиселина 100% чиста концентрат од 1% раствор. Навечер најнапред ја ставам хијалуронската па потоа од кремот. Можеби е офтопик, ама ако ми дозволите да ви се пофалам за антицелулитниот крем со 2% кафеин, екстракт од руско и ментол со разладувачки ефект. И него го користам веќе најмалку 2 недели и кожата на бедрата ми е змногу позатегната. Малку пецка кога ќе го нанесам и истовремено лади и загрева. Кафеинот ја стимулира циркулацијата, а менотлот лади. Можеби е подобро да се користи во лето поради ладниот ефект.... Добро јас и многу пешачам сигурно не е само кремот, ама сепак сметам дека е доста ефикасен откако почнав да го користам. Поздравче.
Моментално Афродита од Невен и дневната и ноќната. Во план ми е да ја купам на Еуцерин таа brightening. Искуства некои?
Ајде да се самоцитирам...вчера штотуку направив подобра и покомплетна варијанта на кремот со салицилна. Овојпат користев чиста салицилна во прав и ставив: витамин Е, витамин Ц, хидролат од лаванда, екстракт од невен, масла наменети за комбинирана до масна кожа, хијалуронска киселина, алое вера гел...Ја направив специјално да суши бубуљички и црнки, а притоа витаминот Ц да ги избелува евентуалните флеки и пред сѐ да ја спречи појавата на флеки предизвикани од бубуљичките. Користев секако стабилна варијанта на витамин Ц кој не оксидира и е специјално за козметичка употреба. Вчера вечер ја пробав и сабајлево се разбудив со прекрасна кожа. Јухуууууууу ептен се радувам!!!
Јас предлагам да почнеш да ги продаваш производите, на цел форум Искрено, се надевам дека ќе почнеш, а кремот што го цитирав, би бил идеален за мојата кожа..
ахахахахаха драга срцка си ми!!! Фала многу. Па ако има кандидатќе секако ќе почнам нема проблем. Вие само изразете желба. За секој тип на кожа персонализиран производ ќе правам.
Драги девојки, по повод три годишнина од мојот блог би сакала да наградам една од вас со крем за лице, направен од мене секако, специјално според вашиот тип на кожа. Сѐ што е потребно да направите е да ставите лајк на овој пост до полноќ и јас по пат на рандом избор со апликацијата за имиња ќе одберам една членка сосем случајно. Со среќа!!! Ве гушкам.
Ви благодарам на сите што ставивте лајк на овој пост. Помина 12 часот и направив избор со апликацијата рандом. Среќната добитничка е @do-re-mi Ќе ја замолам да ми пише во приватна порака каков тип на кожа има, дали е алергична на некоја состојка и.т.н. и да се договориме за кремот. Ви благодарам многу уште еднаш, а пак во друга прилика ќе направам некое изненадување. Добра ноќ на сите!!!
Колку е и од каде може да се купи? Ја имам пробано од кај братучеда и подобра крема немам ставено на лице. Колку што се сеќавам, мислам и дека составот и беше баш добар, односно дека е на база на масла, што баш би одговарало на моето суво лице. Ако сакаш сликнија декларацијата и поставија сликата во соодветната тема.
@shining_star не би да ја полнам темава со оф топици ама не знам која е соодветна Чини 2500 денари и не е наменета исклучиво за лице, може да се користи за цело тело. Јас ја нарачувам преку една пријателка, но еве на нивнава страна може да се нарача http://www.premiumgrupacija.com/portfolio_page/prirodna-kozmetika/
Имам нормална кожа, ми треба крема за дневна употреба за хидратација и заштита, пред да ставам пудро Според вас која е подобра До сега користев само дове обична крема, но мислам дека веќе е време да пробам некоја друга.
Плавата Naturals од Авон е одлична. Јас ја нарачував неколку пати и многу ми се допадна како подлога за пудра. Инаку имам комбинирана кожа, но сепак многу ми беше добра кремава како подлога, па и за дневна нега кога не носев шминка. Убава е и зелената, без разлика што пишува дека е за комбинирана и масна кожа. Мат ефектот не е воопшто силен, но ако сакаш побогата нега тогаш дефинитивно плавата повеќе би ти се допаднала.