Читав наназад многу страни ама не успеав да најдам крема за моето лице дајте ми совет за крема(би можело Алверде). Имам лице кое брзо се мрси, но ако користам (матирачка)крема за мрсна кожа кога ставам пудра ми се прават како лушпи по лицето(со повеќето пудри вака), а по некое време светнувам. Всушност имам мрсна т-зона и суви(до нормални) образи. Инаку имам 22г. Еве ќе ја тагнам @Biodevojka за поконкретен совет.
И јас сакам предлог за нормална, комбинирана кожа. Мислам дека @Mishela и @koritsaki имат комбинирани кожи колку што се сеќавам но секако и од други членки со таков тип на кожа добредојден е предлог. @Biodevojka експертот (за мене) ако сакаш и ти по којзнае кој пат сигурно ама да споделиш мислење за комбинирана кожа- крем но и средство за чистење на лицето.
Здраво драга, ако сакаш од Алверде тогаш аква 24 дефинитивно за твојот тип на кожа. Единствена крема која не матира многу а хидрира. Пробај ја. Поздрав. Здраво драга, средство за чистење од поекономичните пената на Балеа во сина опаковка. Јас многу бев задоволна. За крем може да го пробаш аква 24 на Алверде. Доколку имаш повеќе финансии за козметика кремот со алое на Флеуранс е одличен, а доколку ептен може да си дозволиш дефинитивно кремот мелиса на Др. Хаушка. Избери ти што најмногу ќе ти одговара. Поздрав.
@papillonP @Butterfly.girl5 јас имам мрсна кожа и ја користам кремата на Мелиса , одлична е, ако имате суви делови плус ќе ги хидрира. На попуст околу 1000 често се наоѓа во Зегин и Еурофарм. Сега го имам сетот на Др.Хаушка , го имам и маслото од 5мл тестерче , па ќе го тестирам ќе пишам и мислење за него.
Јас во моментов ја користам Алверде со дива роза, супер ми е и за под пудра, иако за таа намена почесто го користам серумот од Балеа во тиркизно пакување.
@Beauchamp и @sofija014 кремот Fleurance со редовна цена е околу 400 ден, сега има 25% и ќе биде поевтин. Јас го имам користено и сум задоволна
Ууу одлично!! Фала ви на инфо многу. Уште утре одам , се надевам ќе ми се погоди кремава. Малце ме замислува дека е за сите типови, а јас мрсна кожа имам. Ама чим е на попуст ќе се проба
И јaс имaм кoмбинирaнa кoжa, прoбaв и тестер Fleurance сo чичoк зa кoмбинирaнa кoжa и мнoгу пoвеќе ми oдгoвaрaше oд Fleurance зa сите типoви нa кoжa. Сaкaв дa гo купaм aмa тoгaш гo немaше вo Зегин. Мoжеш и тoј дa гo прoбaш aмa не јa знaм ценaтa или мoжеш дa им пoбaрaш тестер. Јaс мoментaлнo гo кoристaм Dr. Hauschka oд дуњa и сум презaдoвoлнa, плaнирaм дa гo купaм и Dr. Hauschka мелисa.
Help me...Што е разликата помеѓу овие две креми?И на двете пишува дека се со алое вера. @Biodevojka На кој крем со алое од Флеуранс мислеше? Секако е еден од овие двата ама кој?
Јас го користам, сменета е амбалажата. Горната слика е поновата верзија а долната слика е старата верзија.
@Biodevojka ќе те замолам за помош, имам 17 години и нормална кон сува кожа, лицето ми е претежно чисто но пред неколку дена ми се појавија огромен број на поткожни мозолчиња на челото. Би можела ли да ми препорачаш крема за лице или сапун што ќе ми го хидрира лицето и ќе ми ја подобри состојбата? Исто така барам и соодветна пудра па ако може совет и за тоа
Драга најнапред треба да видиш од што ти се појавиле, исхрана, агресивни производи за лице, хормонално (во твои години сосема нормално). Јас она што би можела да ти препорачам е убав гел за миење на лицето кој нема да ти ја суши кожата. Кажи ми до која цена можам да гледам? Исто така и хидратантен крем наменет за твоја возраст. И покрај поткожните кожата ти е нормална накај сува? Што досега си користела? Поздрав.
На образите ми е нормална а Т зоната почна да ми се мрси, користев само сапун, марамчиња за вадење на шминка сатва и ноќниот крем на сатва со поливитамин, а наместо хидретантен крем користев кокосово масло кое читав дека е убаво за кожата. Последниве неколку дена од страв сум само со вода и сапун. Цената може да оди до 500 за секој производ, ти благодарам однапред
Драга прво ќе исфрлиш марамици за вадење на шминка. Јас ги препорачувам само во СОС ситуација ако навистина си без ништо па мора да ја отстраниш шминката со нив. Второ, за твојата кожа сега за сега избегнувај сапун (освен ако не е домашен со 100% маслиново масло). Она што јас би ти го препорачала за почеток за миење е пената на Балеа околу 110 мкд или 112 мкд со лотосов цвет во розево пакување. Пишува за сува кожа, ама убаво измива без да иритира. Пробај ја. За крем ќе ми оставиш малку време да размислам, сепак имаш 17 год. треба да најдам нешто соодветно за твоја возраст со убави состојки. Поздрав. Драга не мора да значи, индивидуално е. На сестра ми цело лице и го исчисти кога го користеше. Јас го користев како крем една зима и немав акни. Зависи од кожата и компатибилноста. Поздрав.
Драга за до таа цена единствено може да пробаш масло од јојоба кое кошта 315 мкд во биокосмос. Доколку не ти е проблем да потрошиш 900 мкд за крем плус 120 за пената за миење на Балеа што ти ја прпорачав, тогаш земи го кремот на Гамарде Себо Контрол. Другите креми за жал или се поскапи, или содржат состојки кои се за повозрасни. Поздрав.
Јас имам проблем со сува кожа па затоа користам само Нивеа крем,помрсни се од другите креми а и ја хидрираат кожата