јас би ти препорачала кокосово масло. и рицинусово е добро ама има малку потешка текстура така да сама одлучи
Од Алверде кремата за сува до нормална кожа, но супер хидрира. Јас имам многу сува кожа. Ја користам во комбинација со маслото исто така и многу ми помогна. Имаш и крема на Алверде од авокадо, таа е за многу сува кожа. Јас не сум ја пробала но претпоставувам добро си ја врши работата.
Девојки вие што користите креми од Fleurance би ве замолила да ми кажете на пакувањето што пишува од кога ќе ја отвориш кремата колку време може да се користи? Кремава на Др.Хаушка ми е при крај имам за уште двапати да ставам , па се мислам дали пак да ја земам на Гамарде себо контрол или матирачкиот флуид од Флоранс што ја спомнувате на форумот. На опаковката на Гамарде пишува дека само 3 месеци може да се користи од отворањето (тоа е тоа што малку ми смета) и гледам да ја потрошам побрзо , а мнооогу е добра одлично матира.
Пишува да се искористи 10 месеци по отворањето на мојата. А рокот и е 10.2019 што е мнооогу после 10 месеци од отворањето.
Купив крема Флоранс (од Француската органска козметика), поефтино беше во туба него во кутивче, па зедов една туба од таа со алое вера (другата беше со матичен млеч). Кремата не ми мириса убаво. Нема некој посебен мирис, ама и тој што е, некако не ми е убав. Среќа се губи за некое време. Кремата брзо и лесно се размачкува и впива, вака добра е, ама не е предобра. Не е крема која би посакала пак да ја купам. Очекував повеќе, можеби затоа што и рекламата и беше голема на каталозите во Зегин. Следна крема која ја купив е од Афродита (од бадем моментално) и навистина ми се допаѓаат нивните креми (освен таа од невен, таа не ми е посебна). Оваа од бадем преубаво ми мириса, дава сјај, хидратација и негуваност. Од време на време постојано си купувам од Афродита кремовите. Задоволна сум целокупно од нивната козметика.
@Biodevojka Здраво. Дали би можела да ми препорачаш некоја ефикасна крема за избледување на лузни од акни. Цена 300-400, евентуално до кај 500ден. Поздрав.
Здраво драга, тешка задача ми даде морам да признаам. За до таа цена може да ти предложам да наптавиш вака: Купи од аптека Ц витамин таблети или доколку најдеш во прав и направи до ова според инструкциите во статијата како тоник http://biodevojka.blogspot.it/2016/03/blog-post_4.html ова избелува секаков вид на флеки, па и оние од акни. Потоа откако ќе се впие и откако си почекала, нанеси масло од јојоба на благо навлажнета кожа (доволно е да испрскаш и малку водичка ептен малку) за да маслото подобро се впие. Јојобата е одлична за кожа склона кон акни со оглед на тоа што го регулира прекумерното лачење на себум, ја храни кожата и ја прави поеластична. Маслото од јојоба го има во биокосмос 315 мкд + таблетките Ц витамин не знам колку се ама еве околу 50 мкд. = третман според твој буџет. Од поевтината козметика евентуално нешто на алверде да ти препорачам, ама не сум видела баш специфичен крем за таа намена. Поздрав.
Cenata mene ne mi e bitna, sto e efikasno sto mozam da go kupam od kaj nas za izbleduvanje? Go koristam serumot so vitamin c od dr. Viton no momentalno mi treba neso pojako
Морав да купам некаква крема за лице, а плата немам земено уште па сум on a budget, набрзинка ја одбрав оваа на Биотен, видов тоа парабен и парафин фри, арна е? 27 имам инаку, гледам оти може во касни 20ти да се користи.
Јас ја имам кремата за нормална кожа. Ме прелажа убавиот дизајн на тубата. Меѓутоа, полоша крема од оваа не памтам кога сум користела. Ја употребував за под пудра некои месец дена и ја баталив. Премногу ми го мастеше лицето. Во Т-зоната станував ужасна, а дури и при мачкање се чувствува таа масна структура. Мириса преубаво, на некои мастики и не е скапа (околу 200 денари), но ужасна е. Почнувајќи од состав, па сè до ефект, навистина ме разочара.
Фала ти многу, ме привлече и мене дизајнот, али добро што еве прочитав искуство, нема да фрлам пари џабе.
Дали кремава е за зрела кожа, anti age? Дека пишува хијалурон. Ако е, тогаш која е за помлади години од Алверде?
Оваа е за 27+ јас ја користев лани ама не ми матираше како што треба и ја баталив.. за масна кожа ти треба? Гелот за миење лице од оваа линија е прекрасен
Да кремава е исклучуво за мрсна кожа. Еве веќе втор месец ја користам и сум презадоволна. Го матира лицето, го хидратира а не го прави такво мрсно, тешко како многу други креми. Солена е цената, над 300 денари на попуст ја земав од Зегин. Редовна е и околку 400 денари. Гледам дека уште максимум месец дена ќе ја користам зашто ми е повеќе од пола потрошена, но едноставно не сакам да ја сменам со друга и ќе си дадам парички за нова Не знам дали друг ти одговорил ама мислам дека ги има само во зегин, зашто е главен увозник на брендов. @Silver.E знам дека е прашање на вкус ама сите креми и маслата на Fleurance мирисаат така чудно зашто се природни, без парабени и додатни хемикалии. Баш ги фати Афродита за споредба и можам да ти кажам сите препрати од афродита се спротивно од природни супер квалитетни.
Не гледам да пишува за каква кожа е? Во потрага сум по крема со спф. Кратко е времето како си пишала па ако си пробала мислење каква е?
Да за комбинирана кожа и помала возраст пробај ја таа со лимета и јаболко , ја имам користено и прекрасно мириса