За сите типови на кожа пишува. Јас имам суво лице со мрсен нос, мене ми е добра. Не ми е барут лицето во текот на денот, а за поголеми резултати рано е да кажам
@Biodevojka би сакала препорака за масна кожа со заштитен фактор ама да може да ја користам и како подлога под пудра, цена до кај 1200 ден. Ми се појавија многу флеки на лице па би сакала малку да го заштитам лицето, да не ми се од сонце и да спречам појавување на нови.
Драга сакаш заштитен крем?? Во органската козметика со фактор се само кремите за сончање, најдобри се еко козметикс. Поздрав.
Дали некој ја користел anew hydro advance кремата за лице со заштитен фактор? Се двоумам да си ја земам или ако може препорачајте ми детска крема со заштитен фактор да може со син ми заедно да ја користиме
Ги користел некој тонираната крема на Балеа или овие од линијата на Aqua? Инаку, имам нормална/комбинирана кожа која последниов месец ми е доста осетлива. Фала
Да ти кажам искрено одамна не сум ги разгледувала кремите на Балеа, па не знам дали се нови или имаат нова амбалажа. Имаше порано некоја тонирана крема, ама мислам дека таа беше со праска нешто... Чуден ми беше штандот на Балеа денес ...На пример, пената од лотосов цвет што со години ја користам, сега има нова налепница, едвај ја најдов.
Еве еден задоволен од Биотен Точно оваа ја немам користено, но до сега имам искуство со три различни дневни креми од Биотен и сите ми се погодиле, зависно од периодот на годината ми се менува и кожата па со тоа и кремата ја менувам, гледам да е со СПФ. Можда не е баш некоја "природна" крема, нека каже некој што се разбира, но мене ми одговара и на лицето и на џебот Во меѓу време ескпериментирав и со Алверде кои ептен ги фалат, но после три креми ни една не се погоди и решив да си се вратам на Биотен. Оваа со хијалурон како ти се чини?
Мене ми е убава, очигледно не ми ги снема брчките за толку кратко време, а не ни очекувам да ги снема, ама дефинитивно се помалку видливи, и да не се шминкам, помазно делува лицето. Не е најприродна, ама ми е океј, Алверде ноќната крема од дива роза ми е чудна, ама и таа кратко ја користам, ќе видиме дали ќе даде ефект. Ако не, ќе земам некоја ноќна на Биотен. Инаку пошто ептен ја бендисав кремава за лице, и крема за очи си купив од истата линија Под очите баш ми е сува кожата и чудна, убаво омекнува Имам мрсен нос, само таму не ја нанесувам, иако кремата е за сите типови на кожа.
Мене ми се допаѓаше кога имав баш мрсна кожа. Дури подобара ми е од нивеа матирачката крема. Сега ја користам Алверде 24ч аква и би ти ја препорачала таа доколку имаш нормална или комбинирана кожа. Со цената се тука некаде.
Матира Алверде аква или? Претпоставувам хидратантна е, може да се проба. Алверде со роза ептен почнува да ми „тежи“ за под шминка, а серумот Балеа ми прави малку лишаи па морам да сменам.
Не матира, но добра е и како подлога за пудра (како што пишува на неа), можеби бидејќи остава како леплив финиш, не знам како поинаку би го опишала.
Ако мислиш на оваа Не матира воопшто. Последно ја зедов, ич не сум задоволна, како повеќе да ми го масти лицето, а не е уште толку топло. Чудна е малку, потечна од сите креми што сум ги користела, не се упива брзо, на почеток е ок, ама после саат време како да сум го мачкала лицето со масло. А имам комбинирана кон нормална кожа, со тоа што образите никогаш не ми се масни. А со кремов некако како да ми е замастено лицето, така осеќам. Оваа кога ја користев Бев позадоволна, имаше одличен ефект врз моето лице, особено т-зоната, и супер беше за под пудра. Ама не сум ја видела одамна, мислам дека од Аква линијата ја има само колекцијава со хијалурон.
Можеби на амбалажата пишува дека е за комбинирана кожа , но не е за комбинирана - мрсна кожа. Мене ми беше многу густа , не ми ја мастеше нешто кожата , но како да не се впиваше , имаше некој леплив слој. Не знам како би била на тие со сува кожа. А од истата линија гелот за миење лице е одличен два пати го имам купувано до сега
Јас минатата недела земав една крема Garnier Botanicals за комбинирана и мрсна кожа со екстракт од чајно дрвно. Морам да кажам дека пријатно се изненадив, зашто пред тоа многу нивни производи кои сум ги користела ми потфрлија. Кој има комбинирана до мрсна кожа може да си проба. Цената беше околу 290 денари.