Јас имам читано дека креми кои содржат колаген се исклучиво наменети за позрела кожа бидејќи таа не прозиведува доволно колаген самата.Спротивно на ова,колаген на млада кожа предизвикувало предвремено стареење и појава на брчки Гледам имаш 17 години ,па сепак најсигурно е да ја подариш на некоја блиска особа која има над 25-30 години јас ја користам нивеа софт за лице и супер ми е,ти ја препорачувам и тебе
За млада кожа јас ги препорачувам кремовите не Nivea visage. Стварно се многу добри, ја го користам тој за нормална до комбинирана кожа, со плаво капаче Ептен се добри ја омекнуваат кожата и даваат пророден сјај...презадоволна сум .. поздрав
Имам комбинирана кожа на која просто не е можно да и се најде ред и крај. Ми ја препорачаа Нивеа Софт. Лицето ми се препороди.Не е премногу хидратантна и ми ја балансира кожата. Веќе не ми светат носот и челото
И јас имам комбинирана кожа и досега немам пронајдено крем кој ми одговара, сите што се за мрсна и комбинирана кожа ми го сушат лицето на некое места и ми се прават лишаи, Еуцерин ми се добри,но ништо посебно за парите,сега користам обичен Dove крем, идобар е,ми го правимногу мазно и меко лицето, но за под пудра ми е многу мрсен,одма ми светнува челото и носот. Па да ја пробам нивеа софт чим толку ја фалите, но јас ја сметав за масна крема таа, нешто како павловичева,ако зборите за таа бебешката или?????????
не не, си ги смешала малку.Сигурно мислиш на нивеата во темно плаво пакување а таа е густа и тешка. Еве ти слика од оваа што ја збориме,ептен е лесна ич не го масти лицето
Пред некој ден случајно купив крема за лице Ама не е бела знаете како Солеа или Бекутан туку е кожа боја Прочитав озади и пишува помагала при флеки,акни и.т.н. и ја зедов и мислам дека е добра ама сеуште неможам ништо да кажам Кремата се вика POP popular Ја има некој користено? Еве слика
користев од авон натуралс и убаво го правеше лицето меко кремот е како тој на сликата само што мкојот беше лилакова боја незнам точно од што беше сега ми се потроши и коростам бекутан
Препорачајте ми кремче девојки, ке купувам утре Значи дали Нивеа Акуа сензеишн, некое гарниер кремче, (day, fresh..) или Лореал triple action така нешто, ептен гледам го фалевте.. инаку имам суво-мрсна кожа... знам, чудно е, незнам како да објаснам.. у принцип мрсна е, но знае често да е сува, не ми е мека, и жива... кое го препорачувате?
Јас си бев малку нетрпеливо, и си ја купив лореал triple active day Ке почнам да ја користам од утре, и ке видиме како ке се покаже
Сум пробала многу креми но најмногу ми одговараат кремите на Гарниер, не се многу мрсни веднаш се упиваат исто така многу убаво мирисаат Најнајнај задоволна од нив!
За лицето користам бекутан млеко, од неодамна почнав да го користам и сум пријатно изненадена бидејки и многу ми го измазни лицето.