Така, баш некако леплива, мрсна, како некој филм одозгора. Дали од хијалуронот или нешто друго, не знам. а од гелот и јас сум задоволна, го купувам често. Си купив денес друг крем на Балеа, за хидрирање на кожата, па да видиме. Иако имам комбинирана кожа, сепак ми треба хидратација.
. Ме интересира искуство какво ќе ти е. Можеш да ми пишиш или сликнеш каква е кремата. Се уфурив сеа ептен за соодветна крема. Конечно детекрирав каква ми е кожата, комбинирана (на кај сува) и исто ми треба хидратација. Деновите че одам за Ск , па ко ќе влезам во ДМ да знам шо да барам. Начисто се губам таму од милијарда продукти и лутам . фала однапред
Не дава никаков ефект, впивлива е еве скоро еден месец ја користам не сум многу задоволна, претходно користев Eucerin AQUAporin ACTIVE И многу поголем ефект има, ама многу брзо се троши и поскапа е.
Овој го зедов Пишува дека е за сува кожа, ама мене ми треба освежување и хидратација после зимскиве месеци иако имам комбинирана кожа. Инаку кремот на Балеа со екстракт од лотус ептен ми е погоден, а тој е овој
Лицето од суво, наеднаш како да почна да ми се менува. Забележувам дека кремата за сува кожа ја користам убаво ми легнува на образите, но т-зоната ми е помрсна, и акни имам скоро секогаш на брадата или челото. Сакав да прашам, дали според вас би ми одговарала кремата на Fleurance со алое вера? Исто така има и само гел од алое вера? Кое е подобро? Ќе ја означам и @Biodevojka ако може да ме советува. Благодарам однапред
Многу поделени мислења за оваа од Алверде. И јас го купував гелот за миење од истата линија неколку пати, презадоволна сум. Кремата остана, не ја купив. Ептен се двоумам, па ќе видам. Разгледував едни од Гарние, составот позитивно ме изненади, па најверојатно ќе земам таква нареден пат. Ќе дотуркам до крај на месец некако со оваа крема што ја имам во моментов, па за понатаму ќе видиме.
Aко сакаш природна, од Алверде со Goji Berry, a од класичните Sattwa со витамин Ц. Само еден совет @ванилала , од витаминот Ц може да ти се направат флеки ако се изложуваш на сонце, најдобро ставај ја навечер.
Ми треба за до 25год. И целта е да ги избледи флеките што се настанати како последица од бубулици. ...Благодарам за советот со сонцето, ќе го имам на ум
И двеве креми се за над 30 години Можеш како мене директно витамин Ц да нанесуваш. Згмечи и раствори четвртина апче витамин Ц со две лажици вода, и потоа со памук натапкај на лицето. По 20 минути стави хидратантна крема.
И тоа е супер идеја! Ќе пробам, можеби дека е директно на кожата во поголема концентрација, ќе има подобри резултати. Ти забележуваш некое подобрување? И која хидратантна крема би ја предложила?
Лани користев секојдневно бидејки имав голема флека на челото од сонцето, а и како превенција за брчки бидејки ц витаминот е силен антиоксиданс и стимулира создавање колаген. Флеката сосема ми се изгуби, а тенот ми стана многу посвеж. Дефинитивно има одличен ефект и јас сум презадоволна. Би ти ја препорачала кремата од Алое Вера на Fleurance природна козметика е и одговара на сите типови кожа. Редовна цена е 450 денари во Зегин но многу често е на попуст и тогаш е околу 300 денари.
Јас летото ја користев, наменета е за комбинирана кожа. За масна не би ја препорачала. Убаво ми го измазнуваше лицето, ама морав да внимавам на количината, затоа што ако ставев малку повеќе, при нанесување на пудрата ми се правеа како лушпички. Негативност е што е малку леплива. Се на се- ок, ама не бија купила повторно.