@LollySky и јас се мислев да ја земам таа со алое вера, само што не бев сигурна дали ќе ми одговара. Т зоната ми е мрсна, а образите суви. Твое мислење, ќе одговара?
Не можам да најдам слика од сите, се работи за оваа колекција. Сите имаат ознака 96% нешто на кутијата.
Јас Ја имам оваа Гарниер од Ботаникалс линијата. За каква кожа ти треба? Јас ја имам за мрсна со чајно дрво.
Ги има овие две кај нас? Добри биле и како подлога за пудра Плус, не содржат силикони, парабени, парафини
И мене ми е таква кожата. Ќе ти одговара, но можно е на челото да ти е понекогаш прејака. Ако забележиш по половина час дека ти свети челото, само натапкај го со тоалетна хартија, ќе се отстрани вишокот.
Имам мрсна, но дехидрирана кожа. Ја користев зелената гел крема на Балеа, розевиот серум на Балеа, Алверде аква 24ч, матирачката на Нивеа и никоја не ми одговараше. Сакам да биде баш како навлажнувачка, а не леплива.
Еленче, види ги оние кремите на Гарние (ботаникалс мислам дека се вика линијата, на кутијата пишува нешто 96% ). Таа за комбинирана кожа со алое вера мислам дека мене би ми одговарала, а исто така мислам и дека имаме многу сличен тип на кожа. Околу 240 денари беа во Веро, подоцна ако одам до ДМ ќе проверам кои ги има и таму. @IronLady ја има користено истата крема со алое вера, а @CurlyBlossomGirl ја користела другата со зелен чај (за масна кожа), па можеби би можеле да ги споредиме вака низ нивни коментари. Јас уште разгледувам и размислувам, имам уште малку од тиркизниот серум Балеа, па ќе го дотрошам и ќе сменам. Многу ми ја суши кожата кај челото, а лицето ми го држи мат цел ден. Немам потреба од никакви корекции, ама ми се лупи носот и челото ме затега, па го комбинирам со Алверде од роза. Оваа од Алверде ми е малку тешка веќе за под пудра, ми треба нешто полесно, а хидратантно. Дефинитивно ќе земам Гарние, само уште размислувам која да ја одберам. Мали големи, што да ви кажувам...
Ќе купам некоја од тие креми сигурно, бидејќи до сега сум била задоволна од се што сум користела на Гарние. Сите креми кои ги спомнав ме држат мат, али баш како што кажа и ти, ме затегаат на челото и се лупи носот. Но, доволно експериментирав и залудно трошев пари, па ќе ги почекам коментарите пред да се одлучам за која.
Го има ли некој користено спрејот за лице на Алверде од роза? Ептен ми фаќа око, само да не е излезе обична вода во розово шишенце .
Убав е, го користам како хидролат навечер. Се прскам со спрејот на лице и се мачкам со маслото од дива роза. Со оглед на тоа што содржи алкохол не знам дали би ти одговарал на кожата, но мене не ми предизвикува иритации и сушење. Водата од роза е на втора позиција а алкохолот е на трета. Содржи и глицерин и останати потхранувачки состојки бидејќи е наменета за сува кожа. Доколку сакаш чиста вода од роза, @Biodevojka нека не’ просветли каде да најдеме во Скопјево.
Да ми препорачате хидратантен крем со заштитен фактор и да не е комедоген. Моментално користам интезивен хидратантен крем на Eucerin од зелената линија, но многу ми се поти лицето од неа посебно сега во топлите денови и многу ми свети лицето. И дали некоја го има користено кремот Effaclar Mat да сподели искуство дали е добар
Јас планирам овој крем да го купам, има 30 и 50ка фактор. Инаку и мене ми треба таков крем - да има заштитен фактор и да не е комедоген.
Јас го имам тој со 50 фактор, благо тонираната ЦЦ крема. Одлична е, лани цело лето ја поминав со неа, и за дење натаму-наваму а и на плажа. Малку е матирачка и ми одговараше ептен на мојава комбинирана масна осетлива кожа. @Хана-банана , и јас ја препорачувам, имаш и безбојна а и ЦЦ крема варијанта. До 30ти април е на попуст во Зегин и е околу 600 денари. Ја пробав и таа органската со спф 50 на Еко Козметикс ама не ми одговараше, таа е за сува до многу сува кожа.
Леле многу ти фала на одговорот, уште утре ке одам да ја земам, и мене ми треба матирачка крема. Инаку ЦЦ кремата покривна е или не многу? Ако не е многу, би ја зела обичната варијанта, јас барам покривна пудра.
Драга јас од креми за заштита од сонцето моќе да ти ги предложам на Алверде, Гамард и Еко Козметикс. Само овие три имаат физички филтри. Ах и на лавера има со физички филтри. Е сега како ќе делуваат кај тебе и дали ќе бидат комедогени не би знаела да ти кажам. Најдобро е да пробаш тестерчиња па да видиш кое најмногу ти одговара. Алверде да те предупредам дека остава бела трага, малку бела ќе бидеш, ама ако убаво го размачкаш не се познава. Пробај некој од другите три. Поздрав.
Би комбинирала крема, па пудра врз неа? Не е покривна како пудра, повеќе го изедначува тенот отколку што покрива. Но многу е лесна на кожата, а во лето тенот и без тоа ми е чист така да мене ми е сосема доволна за преку ден, во лето не би ни ставала пудра. Безбојната крема ја немам пробано и не знам дали е ист составот, густината и ефектот. Во ДМ видов и еден многу интересен производ на Балеа. Жолтиов серум е заштитен, со спф 30 и UV филтри, и се додава 1-2 капки во кремата или пудрата што ќе ја користиш, и со тоа ти добива кремата или пудрата заштитен фактор. Претпоставувам дека тоа 1-2 капки е за една употреба, па би требало на дланка да ја измешаш кремата/пудрата со серумот. Не ми е пробано ама звучи интересно па може ќе ги пробам. Инаку од Балеа има неколку креми за лице со спф 30, не од тие за сончање туку обичните, така да можеш и нив да ги разгледаш.
Има некој користено крема за лице од the body shop. Зедов ваква е витамин. https://www.google.de/search?q=the ...w#imgdii=HITfIRAi-8IpRM:&imgrc=HiLujsaBv6qIhM: