@душленце Ја имав кремава со витамин Е и искрено не ми се допадна. Првиот впечаток од како ке ставев беше добар, но после неколку мачкања не ми пријаше повеке. Ништо посебно не и правеше на кожата, не ми одговара, па ја затурив. Инаку имам сува кожа. Тебе можеби ке ти одговара.
@oblace1 уште ова да те прашам. Јас кога ја нанесувам на лицето пола минута ме пецка околу носот а целата кожа ми е иста. Кај тебе исто беше??
Врска си немаат серумиве. Мајка ми ги имаше и тој со витамин ц и тој со јаболко и немаше буквално никаква промена на кожата. Нормално, не очекуваше чудо, ама вели дека исто како да мачкала водичка.
Моето ново откритие, Taiva. Ноќни кремови сум менувала мал милион и не знам дали имам толку чувствително лице што од сите ме чешаше кожата и цело лице ми го мрсеше. Овој го добив на подарок, и дефинитивно подобар и полесен ноќен крем не сум користела до сега, веднаш се упива во кожата и убаво мириса плус. Highly reccomended. За денски крем, уште сум во потрага
@душленце Немав проблем со пецкање. Не знам зошто ти се јавил таков проблем, можеби кожата околу носот ти била нешто надразнета претходно.
Дојдов да пишам дека сум задоволна од кремчево. Го користам нешто повеќе од две недели, секојдневно, само уште не сум го пробала под пудра, дека не ставам деновиве, само го мешам кремов со пудра да добијам бб крем. Имам комбинирана кожа, а кремчево е за кожа на која и треба хидратација. На сликава изгледа бел, а има светло сина боја, мириса прекрасно (некој освежителен мирис има, како на ментол, ама не трае долго), брзо се упива, малку лепи на почеток, ама убаво чувство дава на кожата. Не светнувам брзо, дури по 6-7 часа, некогаш и воопшто не ми свети т-зоната иако кремов не е матирачки.
Јас го имам кремов со 50 фактор и сум презадоволна. Не ми ја мрси кожата многу со оглед на тоа какви се другите креми со заштитен фактор а голем плус е што оваа спречува на правење акни. Кога ја купував продавачката ми понуди и една на биодерма исто матирачка мислам дека ама се одлучив за оваа. Барем на мене како голем маснокожец се покажа одлично. Јас ставам и друга крема под ова.
Какво дејство има врз сувите делови? Им дава убава хидратација? И по составот, не мора да е природна но дали содржи некоја штетна состојка, доколку знаеш? И која цена е? Благодарам.
Мене образите ми се посуви, а со кремов ми се баш онака нормални. Затоа и ми се допаѓа, оти обично од кремите за комбинирана кожа образите ми се суви, со исклучок на кремот од Балеа со екстракт од лотос. Овој го зедов оти сакав да сменам, и фала Богу ми се погоди. Лесна е ептен, не ја осеќаш, а сепак чувството на кожата е убаво. Цена околу 200-22- денари беше, ама не паметам точно. А за состојките, па не е баш природна, има нафтени деривати,но ете, сепак ја зедов.
Каква е кремата на Балеа Q10? Дали одговара на сува кожа? Не е за мене, сакам на мајка ми да и ја купам како подарок.
Дечки, искуство со Себамед кремата за лице? Ја загледав во ДМ, беше околу 600 денари, се мислев дали да ја земам. Некако ми се презасити лицево од Лореалот, сакам да сменам. Имам комбинирана кожа со мноогу суви образи и малку мрсна т-зона.
@LollySky јас пробав вака, и по минутка почна да ме пече лицето, и така се повеќе и повеќе, и морав да го измијам, ме фати страв да не ми се иритира. Нормално ли е? Што да направам?
Не е нормално, не би требало да пече. Некогаш на кожата и треба време да се навикне, па пробај со поразредена доза, на пример четвртина апче со пола чаша вода. Ако и тоа пече, едноставно кожата не ти поднесува ваква директна апликација на витамин Ц. Ако не те пече, постепено можеш да ја појачуваш концентрацијата, на пример по една недела раствори го со помалку вода итн.