Еве оваа е, имам пишувано за неа и во омилени продукти на месецот. Јас ја земав на попуст 165 ден но не верувам дека регуларната цена и е повеќе од 250 ден. Во дм кај Градски ѕид имаше и тестер од кремата.
Прекрасна крема со козјо млеко и како да ми се препороди фацата. Ефтино ја земав кога се отвараше свечено новата продавница хит-го.
@Biodevojka ќе ја тагнам, ама и сите други се добредојдени да одговорат. Превентива за лице? 27 години ќе полнам за 2 недели, ама почнав да си гледам smile lines. Совет? Имам нормална кожа.
Фала ти. Инаку ваков или на друга фирма беше, има во Еурофарм, цената мислам дека не е повеќе од 300ден, само ете не сум знаела за што е.
Знае некој која цена е Revitalising Day Cream нa Hauschka? @Biodevojka можеби. И каде може да се најде
Здраво драга мислам дека тој е малку поскап, од линијата за возрасна кожа. Ако не се лажам околу 1900 или 2000 мкд треба да е. Го има по сите аптеки. Поздрав.
Мора пак да ја пофалам од мн акни сега е супер пробај акне оут актив крем и сапун двете ќе те коштат околу 750 ден мн се добри позз
Убава лесна крема за летниов период? На алверде многу чудно ги чувствувам на лицето кога е потопло, себамед ми е премногу масна за времево...сакав да пробам некоја на балеа, ама не знам која. Секој предлог е добредојден, само да нема гел текстура бидејќи таквите креми никогаш не ми го хидрираат доволно лицето
Ова кремче е супер, би ти го препорачала. Хидратантно е, за нормална и комбинирана кожа (а јас имам сува и пак ми беше сосема океј). Има лесна структура и брзо се упива, и преубав мирис. Го изпоизрекламирав. Ама мислам дека го имам читано по форумов, и други феминки се задоволни. Не ми текнува точна цена, ама знам дека ич не е скапо.