А каква хидратантна крема да користам пошто за лице бекутан ставам понекогаш и ептен ретко,би сакала да ми препорачаш некоја крема да не ми пука вака лицето инаку користам влажни кога ја бришам шминката и користам мицеларна вода за вадење на шминка на нивеа и генера. Незнам тогаш само мицеларната вода да ја користам да не го бришам лицето со влажни .
Каков тип на кожа имаш (сува/ масна/ комбинирана) и од прилика до која цена? Инаку никако, ама никако не ја бриши шминката со влажни марамици. Можеш прво да ја избришеш шминката делумно со мицерална вода, а потоа обавезно да го измиеш лицето со пена/ гел за миење.
Имам нормална накај сува кожа со оглед на тоа што ми се суши и ми се прават лиши многу често значи можеби не е до пудрите и од кремите можеби е од влажните затоа што ги менјам пудрите . И сеа која крема е најдобра за лице?
Вака сега. За почеток, смени го блендерот со кој нанесуваш пудра. Лицето чисти го само со мицеларна вода. Од кремите, би ти ја препорачала таа на Fleurance, xидратантна крема од алое вера, редовна цена и е околу 400 денари а често се наоѓа и на попуст, 320 денари. Друга крема која ти ја препорачувам е од тие новите на Гарние, Ботаникалс, таа од ружа, околу 200-250 денари е.
Ако ти одговара блендер, земи си нов блендер, муабетот ми беше дека мора да се менува блендер на секои 2-3 месеци, затоа што во него се насобираат бактерии кои прават проблеми, особено ако ти е поосетливо лицето, можеби затоа ти се правеле лишаи. Што и да користиш, блендер или четка, миј ги редовно со антибактериско средство. Секако, си останува и препораката за добра хидратантна крема.
@Sladoled19 Лицето ти е со лишаи од мицеларната вода. Имам суво лице и со мицеларни води имам лошо искуство. Ми се појавуваа лишаи и кожата уште посува ми стануваше. А и вака читајќи по нет, мицеларни не се препорачуваат за сува кожа. Исто и влажните не ги употребувај за лице, ја сушат кожата, за маскара ке ти завршат работа, за друго не. Подобро купи си пена за миење лице од Алверде, за сува кожа е со камилица. Убаво го чисти лицето, нежна е и не го суши дополнително. После со тоник го пројди, некој за сува кожа без алкохол по можност, јас на Биотен го користев. Крема во летен период убава ми е Биотен за сува кожа, во розова амбалажа. Афродита аква термал и од бадем е исто убава за сува кожа.
За мрсна кожа е? Кога ќе го пробаш сподели искуство. И јас сум со екстремна мрсна кожа и барам некој добар крем. Сите досега ми ја мрсат дополнително кожата.
Jaс ја имам користено , ама не сум задоволна , премногу го суши лицето а не ми ми помогна воопшто со акните Пробај ја оваа од Афродита со невен не е и скапа околку 170 ден а одлично впива и лицето е меко одлична за периодов.
Новата ја имаш користено или старата? Мене старата ми беше океј, ама бидејќи видов дека ја сменаа формулата се решив да не ја земам. И јас тој проблем го имам, премногу ми го сушат лицето повеќето креми кои се наменети за комбинирана/мрсна кожа.
За комбинирана до масна кожа е. Инаку мене ми се погоди ептен, ја користев лани цело лето и речиси цела есен. Многу хидратантна и лесна, супер како подлога за пудра. Само не ми се допаѓа тоа што остава малку лепливо чувство на кожата, но не беше нешто страшно.
Мислев да ја земам на Гарниер ботаникалс од грозје, ама читам негативни реакции се појавиле кај некои од членките, па тоа ме предомисли, не би да ризикувам. Ја земав пред некоја недела Балеа мат кремата со зелено капаче, ама ептен светнувам со неа за пола саат на ова време. Зборам како подлога за пудра. И сега не знам која да ја земам . Ми треба лесна хидрирачка што ќе се упие лесно и побрзо во кожата, за да ја користам како подлога за пудрата. Да ја земам на Fleurance со алое вера или ќе биде иста песна? На Нивеа можеби? Жешково ме предомислува. Инаку имам комбинирана кожа.
Да ти дадам една идеја. Јас го купив гелот аква на Балеа вчера, имам комбинирана кожа исто така. До сега имам ставено само два пати, но не осетив мрсно на Т зоната. Проѕирна гел е, како желе, и многу убаво легнува на кожата, дава умерена хидратација, и дури има како некој полумат финиш. Мене супер ми се чини. Плус како да ми го лади лицето, додека од таа Гарниер од маслинка осеќав како масен слој што останува на кожата. Исто така на пакувањето пишува дека гелов е одличен како подлога за шминка, иако јас не сум го пробала така. Нема боја, нема мирис, и колку што јас се разбирам нема некои штетни состојки. Моментално е на акција во ДМ, околу 160ден, па можеш да пробаш. Инаку јас немав огромна потреба од хидратација, само сакав нешто за под пудра, и плус нели нешто лесно за преку ден, што ќе ми ја потхранува кожата. Се надевам нема да ме изневери
Мене кожата ми се препороди со Гарние ботаникалс со екстракт од зелен чај. Одлично матира и добра е за под пудра. Значи, кај секоја различно па верувам треба да се проба за да се знае. Ама стандард за во лето, за комбинирана до масна кожа одлична е Гамарде Себо контрол. Подобра крема немам користено во животот, вреди за секој денар. Одлично го контролира себумот и супер е како подлога за пудра.
@Kjara15 можеш и овој флуид да го пробаш со чичок на fleurance за мрсна/комбинирана кожа. И лани и сега го меркам малку е поскап околу 900-1000денари. http://www.zegin.com.mk/home/about/zegin-fleurance.html