Да, кремата дава хидратација и покрај тоа што матира. Наменета е баш за масна кожа, па ги опфаќа сте проблематики со кои би се соочувал некој кој има масна кожа - хидратација, матирање, акни, комедони... Јас ја купувам од Зегин, мислам дека веќе Гамарде кремите ги има во сите подобро снабдени аптеки. П.С. Цената беше некаде околу 1000 денари, туба од 40мл.
Не сум задоволна искрено од оваа гел крема на Балеа лицето исто како да сум ставила некоја маска која светнува на некои делови и кога ќе се исуши кремата ми се лупи на некои делови и изгледа прљаво.Има некоја мат структура ама не е тоа тоа
Само да го пофалам и јас гелот, одличен е. Имам комбинирана кожа, користев Гарние лаванда кремче ама приметив дека ми светнува Т зоната откако ќе се нашминкам. Гелов како да се слепува со пудрата(користам Буржоа хелти микс), убава свежина на лицето и минимален мат финиш. Се нашминкав утрово во 7 часот, лицето уште ми изгледа свежо.
И јас го користам во комбинација со истата пудра Не сум пробала на толку долго, но вчера бев надвор околу 4 часа и ми издржа. Само за навечер ми доаѓа премногу некако. Пробав само еднаш, ставив пред спиење, и сабајлето ми беше малку масно челото. Но истото и од маслото од јојоба ми се случува, па веројатно и е доволно на кожава хидратација само преку ден, па нема потреба навечер да ставам било што.
Јас навечер го ставам серумот од Ц витамин на др.Витон ама не забележувам некој ефект.. Да не беше глупавата наградна игра со која освоив 40% попуст немаше ни да помислам да го купам, ама ете сега го ставам колку да се потроши...
@Luminary @ванилала ако сакате да споделите дали гел кремот на балеа остава лепливо чувство на кожата? Јас сум во потрага по крема, оваа ми изгледа соодветно по описот и би ја земала. Во моментов ја користам алверде 24 аква, ама приметувам дека веќе не ми одговара за периодов. Ако имате некој друг предлог за комбинирана кожа, слободно дајте. Ми треба и како подлога за под цц крема.
Минимално, и веднаш по нанесувањето има малку лепливо чувство, но многу брзо "се суши" и го снемува, така да воопшто не пречи тоа.
Балеа измислија триста вида крем гел да не знаеш кој за што е и за кој збориме на темава Инаку го немам користено овој, и јас би сакала да прочитам некое искуство со него.
Здраво. Сакам да си земам хидратантна крема, но не знам која е убава. Предлог? Не знам дали и кај вас е така, но мене од некои кремови ми се појавуваат акни и затоа многу се плашам да не погрешам во изборот па само за џабе да ја купам. Фала однапред
За каква кожа? Штом имаш акни претпоставувам за мрсна кожа.. За мрсна кожа и акни е топ на Гамарде , себо контрол , ако ти требаат тестери има во Био хабит аптеката во Д.маало
Штета тие испорачуваат и до др градови низ Мк ама најубаво е да ја испробаш прво ако те носи патот до Ск. Друга крема што би ти ја предложила е на Др.Хаушка Мелиса , исто така прекрасна крема за масно лице , ја има во Зегин и Еурофарм сигурно некоја од аптекиве ги има во твојот град , но ипак прашај за тестери да си пробаш. За овие две креми со сигурност тврдам дека се супер за нашиот тип кожа. Исто така читам низ темава и Гарниер имаат некои нови креми на природна база , таа за масна кожа мислам ја имаше пробано Мишела а и некои др членки овде беа задоволни , разлистај поназад на темава баш
Јас веќе месец дена ја користам кремата Fleurance за комбинирана кожа, па можам да ти ја препорачам. Исто како тебе бев многу скептична бидејќи лесно ми се појавуваат акни, ама еве за среќа немам проблем. На природна база е, лесно се нанесува, не е воопшто тешка, а добро стои и под пудра. Маснотијата на кожата ми ја регулира до некој степен би рекла, не премногу, што значи не ја пресушува кожата. Мене ми е супер. Можеш да ја најдеш во аптеките на Зегин, а цената е 900 ден.
http://www.e-ziaja.mk/lice/kremi-za-lice/nokna-krema-kozjo-mleko Како сум се зезнала баш од оваа крема,значи страшно! Ја купив пред 4 месеци и демек ќе ставам пред спиење дека оваа ноќна крема е,се намачкав и сабајлето кога станав цело лице со флеки ми беше како лишаи...умрев од плачење..1 недела едвај го оправив и тоа само со Кокосово масло..и никад више не купувам било каква крема.Ваљда не ми одговара на лицето бидејќи имам нормална кожа малку масна..Само кокосово масло и понекогаш невен