Оваа крема е за сува кожа склона на брчки, не е за твојот тип на кожа. Ама, веројатно некоја состојка не ти одговара и затоа ти се појавиле флеки/ лишаи. Јас не би ти препорачала кокосово масло доколку имаш масна кожа.
Луѓе препорачајте некоја крема за мрсна кожа којашто навистина ви помогнала. До пред некое време само челото ми беше мрсно, сега целото лице ми свети. Лицето ми е склоно кон акни. Порано немав толку многу акни како сега ниту пак ми беше мрсно лицето. Од што ми е мрсно ли лицето ми се појавија толку акни не знам. @koritsaki @Mishela мислам дека вие повеќе сте запознаени со такви креми или било кој нека напише. Однапред да кажам не сум од ск, па по можност тие креми што ќе ми ги предложите да ги има и во другите градови.
Јас би ти ја препорачала Гамарде Себо Контрол, ако не си ограничена со цена. Околу 1000 денари е, ама дефинитивно е најдобра крема за масна кожа. Особено кожа која е склона кон акни и останати неправилности. Можеш да ја најдеш во секоја аптека, Гамарде козметика има и во Зегин. Јас во моментов ја користам Гарние Ботаникалс со екстракт од зелен чај и многу сум задоволна. Многу убаво го матира лицето, само нема никакво влијание на акните кои се појавуваат повремено.
@shz јас имам таква кожа, ти го препорачувам маслото од Dr. Hauschka - clarifying day oil. Можеби цената нема да ти одговара, околу 1200 денари е. Можеш да го најдеш во Зегин и Космо, цената е иста. Доколку има ДМ во твојот град, можеш и оваа на alverde да ја пробаш, @Mishela ја има сеуште кремава во ДМ?
Не знам дали ја има, но полоша крема од оваа за масна кожа нема. Не е добар матирачкиот ефект и не хидрира убаво.
да ама па само од тоа ми поминаа лишаите зошто нели тие се суви,па затоа ми помогна маслото,иначе вака ретко го мачкам
Да, затоа и ти ја спомнав како најдобар избор за масна кожа. Тука можеш да прочиташ нешто повеќе за оваа крема.
Прекрасна е кремава јас трет пат по ред ја користам. Нај негативно што би рекла е тоа што од денот на отворањето за 3 месеца мора да се потроши..
Секако се троши за толку време отприлика, оваа крема и онака има само 40мл за разлика од стандардните кои обично доаѓаат во пакувања од 50мл. Ама се согласувам дека доколку би требало да се наведат „негативни“ работи, оваа би била една и единствена. Камо среќа сите креми да беа вакви, па тоа со рокот да е единствениот проблем.
@shz Само не очекувај веднаш резултати, треба да ја покористиш некое време за да го постигне тоа што треба. Мене тек после скоро 2 месеци почна да ми регира како што треба. Можеби нема да ја најдеш по аптекиве зашто не ја држат секаде, но прашај во Зегин или Еурофарм да ти ја порачаат и донесат. Јас ја порачав од странава http://www.biohabit.mk/product.jsp?id=25. Достава е 100 денари ама моментално ја немаат на залиха.
Прв пат во животот се соочувам со мрсна кожа, обично ми е сува-барут! Предложете ми некоја крема што ќе матира на жешково, барем 4-5 саати да не светам
Прочитај погоре, баш и ја препорачав на една членка кремата од Fleurance за комбинирана кожа, поточно сe вика Hydra-matifying fluid, а доколку си од Скопје можеш да ја пробаш од Гамарде себо контрол. Јас лично ја немам пробано, но гледам дека доста ја фалат, и за неа исто пишува погоре
Не сум, немам каде овде да ги најдам овие креми. Мислев нешто Неутрогена,Евелине,Нивеа,Еуцеринако има некоја користено да ми предложи, од овие “посекојдневните” де,полесни за наоѓање
Дечки ќе ве замолам за помош, дали некој ја забележал оваа крема во било кој ДМ низ Скопје? Од колекцијата за млада кожа е, ја користев лани ова време и можам да кажам дека похидратантна а воедно и лесна матирачка крема никогаш не сум користела. Убав е и составот, комбинација од масла за хидратација, тогаш сосем случајно и без очекувања ја купив и откога ја потрошив не ја најдов пак. Се плашам дека е повлечена од продажба. После тоа пробував многу креми од балеа и алверде но ниедна го немаше тој ефект, кожата ми беше со неверојатно здрав сјај и матирана цел ден. Па доколу некој случајно ја забележи било каде, да ја сподели информацијата, ќе бидам многу благодарна
Лицето го мијам секоја вечер со Дав сапун, а по миењето сакам да ставам крема за лице бидејќи малку ми го суши лицето. Имам комбинирана кожа, препорачајте ми крема од која сте задоволни?