Здраво девојки да ве прашам за препорака Имам комбинирана кожа(понекогаш и накај мрсна) склона кон акни уште сум под локална терапија и ми се повлекоа акните и сега ми се флекички. Дерматологот ми кажа да ставам дневна крема со спф 50 ама како што гледав не можев да најдам во дм со повеќе од спф 20 па да ми препорачате конкретно некоја крема затоа што страв ми е да не направам некој контра ефект Однапред благодарам
@Beautiful256, имаш и со 30-ка и со 50-ка фактор од Sun Dance Anti-Pollution, и тоа на некој попуст беа до скоро, цената беше смешни 169 ден. (може и уште се на попуст, не забележав). Има и мат со 30-ка фактор. Ги имам моментално двете 30-ки, одлични се за цената. Најбитно ми е што не се комедогени, имаат супер состав и не ми ги запушуваат порите.
Мислам дека детските креми во ДМ се со висок фактор, обично 50 спф. Доколку сакаш нешто поспецифично, органските креми (Алверде, Еко козметикс) содржат физички филтри кои се подобри од хемиските филтри содржани во обичните креми за сончање. Не сум експерт за физички/хемиски филтри така да можеш да разлисташ низ форумот за да ти се разјасни. Јас би ти ја препорачала на Еуцерин Оил-контрол кремата со заштитен фактор 50, има тонирана и обична безбојна крема. Јас ја имам безбојната - омилена ми е летово. И јас имам флеки од акни така што верувам дека и на тебе ќе ти се допадне. Цената и' е околу 720 денари.
бекутан. Сакав да сменам па купив нивеа и се исфрлав брунки по целото лице и пак му се вратив на бекутанот.
Имaм прoблемaтичнa кoжa склoнa нa лишaи вo летниoт прриoд и мoрaм дa кoристaм кремa сo зaштитен фaктoт. Oд се штo имaм прoбaнo дo сегa нaјдoбрa се пoкaжaлa нa Heliocare 50 фaктoр. Медицинскa кoзметикa сo oдличен квaлитет, јa имa вo Еурoфaрм.
И јас ја барам некое време ама никаде не можам да ја најдам освен на lookfantastic а реално не ми се фрлаат пари за да ја чекам толку време Некој помош?
@marama дали го проба флуидот на Logona од нане? И како си задоволна? Јас ја барав кремава на Гамарде Себо контрол да ја купам ама ја нема во ниедна Еурофарм во Скопје, ако некоја ја има видено низ Зегин нека каже. Дури ми кажаа во таа Анни фарм аптеката дека повеќе нема да ја носат кремава во Македонија Ако не , да ја земам оваа на Логона да ја пробам на крај краева..
@koritsaki јас ја барав низ Ресен, Охрид и Струга кремата на Гамарде никаде ја немаше. Во Струга ми кажаа дека по нарачка може да се нарача а после два дена ме известија на тел дека ја немало низ цела МК. Во сеп ќе била дистрибутирана.
@lovemme оо фала ти многу што ме извести , навистина не знам што е со кремава на Гамарде , кога и да ја побарам се ја нема никаде, дали брзо се троши секаде навистина не знам. Јас им пишав на Био хабит ама гледам се уште ми немаат одговорено. Ако ја донесат во септември ништо, не ми одговара