Да го кажам моето мислење за флуидот за лице на Логона. Го земав почеток на август , цената му е околу 980 ден во Зегин , а ја имате и во продавницата на Логона. Кремата е баш лесна , геласта , лесно впивлива , е сега алкохолот многу го чувствувам некако кога ќе ја нанесам на лице пред да се впие. Мирисот на нане го чувствувам откако ќе се упие кремата. Еве и во други креми алкохолот е на второ место во составот , но не сум го осетила алкохолот како во оваа крема. Друго што некако приметив е откако ќе ја нанесам кремата и ставам пудра течна се прават како парчиња на кожата , и тоа го прометив со сите пудри. Баш ме интересира како е кај вас што ја користите? Не знам , на Гамарде и на Др.Хаушка ми се повеќе погодени кремиве , оваа не би ја купила повторно..
Јас немам никаков проблем со кремава. Сите пудри ми легнуваат многу убаво, можеш да видиш и во вашата шминка, а и на инста. Подобра крема до сега не сум користела, презадоволна сум.
@marama да, гледам дека ти е лицето перфектно. Не знам зашто мене не ми одговара јас го имам и пилингот од истата линија и напротив ми е супер ,лицето го осеќам чисто и дефинитивно пак би го купила
Дали го имате овој крем или флуид за масна кожа склона кон акни пробано.Пишува дека матира и спречува појава на акни
Јас ја користев таа со камилица минатава зима, кога кожата ми беше сува и одлично се покажа. Додека таа од лево не сум ја користела но мислам дека има таков "медицински" мирис, и баш поради тоа и немам дадено шанса
Таа десно мислев дека е за мрсна кожа, исто како што ја прашуваат девојката која крема е погодна за овој тип на кожа, чим тебе на сува ти одговарала мојата дополнително да не ја мрси
Мене летово кожата ми беше комбинирана, со масна Т зона, и кремава ми беше тешка. На самата крема е назначено само за осетлива. Јас би рекла за нормална или сува. За масна не За масна имаше една од јаболко мислам на Алверде. Сепак најдобро да кажат девојките со таков тип на кожа.
Ама мислам дека сега има ново пакување кремата со јаболко така? Малку е поразлична од сликата што ти ја стави(барем така имам приметено) или јас друга крема ид Алверде имам гледано
@maaraa96 да да , извини , имаат нова амбалажа оваа е Се надевам ќе ти се допадне сепак е евтина и не е страшно иако не ти се погоди
Добро е значи не сум грешка фала ти и извини што те измачив ќе ја пробам па ќе пишам како ми се допаѓа
Во ред е кремата, јас имам комбинирана и добро ми се покажа. Немој да очекуваш драстични промени затоа што е само хидратантна
Preporacajte mi nekoja krema za normalna koza so mrsna T-zona, od site koi dosega sum gi probala mi izleguva po nekoja bubuljica. Do kaj 300-500 denari.