Мислење за дневната крема на афродита со невен ? Или предлог крема што ќе го хидрира и негува лицето убаво но да не го остава лепливо.
Јас дојдов да ја пофалам кремата на Себамед. Се мислев дали да ја земам, ја гледав во ДМ и на крај од таму ја земав. 609 денари мислам беше. И да, најскапи се таму, после ги лајкнав на Фејсбук и видов дека често имаат промоции низ разни аптеки, чисто информативно. Пакувањево им е малце ретро и мислам дека им треба малце ребрандинг да направат, ама сум ептен пријатно изненадена од кремава. Дефинитивно подобра од Лореал и Нивеа, а ќе речам дури и подобра од Термалијата на Виши. Патем, пакувањето е скоро една третина повеќе од сите други креми на пазарот, па мислам дека дефинитивно се исплати. Текстурата е прилично лесна, а хидратантна. Јас имам нормална со миминално комбинирана кожа и зависи од денот, но комотно можам да ја носам само кремава со ББ крема (без камена пудра) и да не светнам барем 3-4 часа. Немам проблеми со акни, освен инцидентни пред циклус. Понекогаш, нанесувам и по два слоја во пределот околу очите за дополнителна хидратација. Кремата ја користам во комбинација со гел за миење Ла Рош Посај, ноќната крема на Афродита и Биотен зелените тоници. Стандардни маски, пилинзи и слично од типот на Маск оф магнаминти на Лаш, црвената глина на Лореал, хидратантните маски и маските за чистење на лице на Афродита ми се нешто што го правам редовно и мислам допринесуваат за ефектот на која било крема. Одамна не сум била толку задоволна како сега од тоа како ми изгледа лицето.
Мислење за кремава? Дали ја имате користено ? Имам комбинирана кожа ама при користиње маски веднаш ми се суши и лупи на т зоната
Мене ми се исфрли лицето од оваа крема. Не ја препорачувам. Мелиса на Хаушка е топ за комбинирана, ако ти се даваат малку повеќе пари
И јас се имам исфрлено од оваа. Немам приблематична коѓа, ова е единствена крема од којашто се имам воопшто исфрлено. Инаку, после долго мислење земав Клиник за сува кожа и... ништо особено не е. Виши повеќе ми одговараше, а една на алверде за многу сува коѓа - најмногу. Ама мирисот не можам да и го поднесам.
дове бе,таа ми е тамам за кожата...за раце исклучиво из аптеке-глицерин се вика,али рацете не се тема на муабет,така да дове
Изгледа само мене ми беше добра кремава. Ги користев и оваа со грозје и таа за скроз масна кожа со екстракт од зелен чај. Добри ми беа, не ја дехидрираа кожата, ама ги користев во лето па затоа мислам немав проблем. Во периодот есен-зима кога темпратурите се пониски, мислам дека алкохолот во кремите ќе ми ја дехидрираше кожата.
Едит. Мислев дека станува збор баш за таа крема за скроз масна кожа што пишала @Mishela Јас од таа се имам нафрлено.
Причината што ти се суши и лупи на т-зоната е вероватно тоа што користиш премногу агресивни креми. Обично кремите кои се наменети за комбинирана кожа знаат да направат контра ефект, со цел да ја намалат маснотијата го пресушуваат лицето. Би ти препорачала да си земеш некоја крема на природна база. Инаку конкретно оваа на Гарниер ја немам користено, али општо не сум задоволна од производите на Гарниер бидејќи баш тие ми ја пресушија кожата (а мене ми е мрсна) и ми беше во многу лоша состојба.
Би ти ја препорачала оваа крема, ја имам спомнато и погоре, бидејќи јас сум многу задоволна. Ја регулира маснотијата, а ги третира акните. Не го суши лицето што е супер и е ретко за креми наменети за мрсна кожа. Можеш да ја најдеш во аптеките на Зегин, а цената е 295 ден.
Повеќе е наменета за сува кожа али ни бркала работа и за комбинирана. Наменета е и за помлади мислам нема ограничување. Само внимавај доколку имаш мн осетлива кожа затоа што во составот има и алкохол.. Поздрав
https://scontent-sea1-1.cdninstagra...g?ig_cache_key=MTg1NTgxODUyNjY2NjExOTM3MQ==.2 Имам премногу нежна и осетлива кожа со масна Т зона. Овој крем ми го препороди лицето, само мана е што не можам никако да го најдам во нашава држава, па затоа мајка ми ми го испраќа, Инаку по нејзина препорака почнав да го користам затоа што и двете имаме ист проблем со лицето.
како сте задоволни , не создава комедони и акни нели бидејќи не е комедогена или твое искуство Поздрав