Па нема ограничувања за која возраст може да се користи. Инаку штом ќе ја пробаш, пиши ми дали ти се допадна.
Периодов: овие 2 преку ден. Ако знам дека ќе бидам подолго време надвор, ќе шетам низ град или парк, тогаш мачкам со фактор. И двете се супер, првата демек матира, она што го имам забележано е дека не мрси. А добро хидрира и преубаво мириса. Втората ја користам најмалку 2 години, во текот на цела година, поради факторот. Навечер ја користам оваа и ми е супер. Убаво хидрира, а не мрси. Не се осеќа на кожа откако ќе се нанесе, што ми е најважно за крема. Убаво мириса.
Кремата на Selfie project ја купуваш од ДМ? Видов дека има маски за лице од овој бренд, но не сум забележала други производи.
Јас да ја пофалам кремата на Афродита од невен , дневната Имам комбинирана кожа на лицето и таман ми е оваа Зимно време од Сатва таа со витамин Ц , за 30+ е Двете ги препорачувам
До сега не сум користела ноќна крема за лице од причина што имав многу мрсна кожа и акни така да обично навечер ставав од кремите против акни. Сега ми се прилично исчисти лицето па сакам да пробам да ставам и ноќна крема дека веќе jа сум 30+год. Сега имам мрсна т зона со суви образи па да ми препорачате некоjа ноќна крема. Благодарам
Девојки предлог крема за комбинирана кожа? Ми треба да ми го хидрира лицето и да ми даде свежина, многу безживотно ми делува кожата на лицето. Ми се масти во Т зоната, и склоно ми е кон акни, не користам веќе ништо од козметика бидејќи од сè ми се појавуваат. Ги пробав на Avene, Gamarde, од поефтините Alverde, Balea за мојот тип на кожа, но некако не е тоа тоа. Предлог за некоја друга? Имам 22 години, цената нека е околу 1000 денари.
Да ја пробаш на Хаушка, Мелиса кремата. Природна козметика, убава лесна крема е, за комбинирана кожа. Цената е околу 1000ден. и јас ја купувам од Еурофарм аптеките
Здраво, барам крема за нормална кожа со понекогаш масна т-зона. Но сега во овие ладни денови кожава ми е нормална и малце сува. Лицево ми е прилично чисто, но никогаш неможам да си најдам соодветна крема, само ццкремава на биотен ми е најпогодена. Читав по форумот за кремата од јаболко на Алверде, но не ми погоди. Сега се мислам на Fleurance кремата од алое, но не знам. Би сакала некои предлози, цената нека е околу 500ден.
Користам Бочко бебешка крема со екстракт од смрадлика. Од сите креми што сум ги користела до сега, ма не медицински, ма не поскапи, единствено оваа ми го смирува лицето и така некако балансирам. Ја ставам само навечер на чисто лице и околу очи, и наутро кожата изгледа смирено и одморено. Инаку кремата е бугарска и чини 2-3 лева, мислам дека може и овде да се најде
Користам нивеа или бекутан, само за да спречам можност од појава на дополнителни, непотребни акни. Пред 3 години скоро и да го немав проблемов, но повторно почна да ми се појавуваат на кожата, на некои подзатскриени места. Работата е што сакам да сменам крема, но ми треба добар состав, кожата ми е комбинирана, а некогаш до сува. Ограничување на цената е 1000. Проблем е што не сум навикната сѐ да ставам на лице, пожелно е да е погодна за лице што штотуку излегло од пубертет
Ја има ли оваа кај нас и каде можам да ја најдам. Сигурно лесно се впива во кожата штом пишува со лесна формула, не е како онаа да остава бели траги.
Во Тинекс ја имаше порано. Би требало да ја има во сите маркети. Иако одамна ја немам приметено кремава.
Кремата здраве ја има во зегин 53 ден.Во оваа лесна формула мислам дека сеуште ја нема. Мене ми е веќе 4 години во несесер кремата здраве што остава бели траги.. Рани од акнички ми суши експресно брзо. Здраве кремот не е за цело лице туку на места каде има потреба и не треба целосно да се трие во кожа.
Може ли некој да ми препорача Крема за лице за осетлива и комбинирана кожа на природна база со природни состојки без силикони и други штетни хемикали
Кремата Melissa на Др. Хаушка. Ја има во Еурофарм. Ја користев цело лето и одлична е, најдобра за комбинирана кожа