И мене многу ми одговара таа комбинација. Ми се презасити кожата од дневната на Алверде со дива роза, па ја земав таа од Балеа со екстракт од лотус. Баш ми текна дека ти ја фалеше и мислев дека ќе ми биде тешка и ќе ми избива маснотија во Т-зоната, ама многу ми одговара. Плус цената е супер. Ја потрошив Балеа па преминав на Гамарде хидратантен флуид кој исто е наводно за сува кожа, ама многу ми одговара. За под пудра не знам дали ќе го биде, имам друга крема за таа намена засега, понатаму ќе видиме. А маслото од роза ми е супер, немам веќе толку изразени и дехидрирани подочници, ми одговара многу дури и во лето.
Кремот со екстракт од лотус не сум го пробала, ама гелот за миење лице од истата колекција ми е перфекција.
И јас ја барав кремата на Гамарде цело лето ама не ја најдов и се откажав. Од од што го читав, таа крема нема да ми одговара за зима, па можеби ке ја пробам наредно лето. Ама далеку е летото, ке ја бараме тогаш. Мене кожата не ми е многу масна, повеќе е комбинирана накај масна, иако некогаш знае да се 'однесува' како сува, кремите за сува кожа не ми одговараат. А ни кремата на lush нема да ми одговара штом е за масна кожа. Имам уште од кремава што ја користам (ziaja за комбинирана кожа со краставица), па ке размислам дали маслото или кремата со диња. Мене ми треба крема за секој ден, откако ке го измијам лицето со пена го чувствувам многу затегнато. Скептик сум дали ке е соодветно за секој ден маслово, а и јас немам акни, моментално немам ниту една, имам само митисери и комедони.
Јас го немам користено преку ден, а и не би го користела. Оќигледно имаме и сосема различен тип на кожа. Јас што и да и правам на мојата иста си е. Нормална, во лето малку помрсна, во зима малку посува. ЈАс креми стриктно од алверде само користам и ја менувам во однос на типот на кожа. До сега ептен ми се погодиле. За посува кожа последен пат ја користев оваа (ама лани зимата тоа). Годинава уште нен сум стигнала до сувата кожа. Многу е нежна и многу убав мирис имаше. Ако не си пробала креми од алверде до сега - пробај. Може ќе ти одговараат... Плус што реално се џабе во споредба со другите органски креми...
@Rebecca_R За твојата кожа би била супер Imperialis или Celestial од Lush да знаеш даваат тестери од што и да побараш , може да ти стават малку да си пробаш Да здравје , таа крема супер е за лето , дотогаш се надевам дека ќе ја имаат во продажба
Мене ми треба и дневна и ноќна крема, ама побитна ми е дневната. Пример, кога го користам маслото, немам ноќна крема (го користев серумот ама за таа цена не ми се допаѓа) и маслото го нанесувам и преку ден и пред спиење. Мене ми е сува, но кога ставам крема за сува кожа тогаш кожата магично ми станува уште помрсна, значи ми треба хидратантна крема. Од алверде имам користено неколку креми - дневната и ноќната со роза, кремата со алги и кремата со јаболко. Задоволна сум, но маслото од хаушка поубаво ми 'легнува' на лицето и додека го користам немам акни воопшто. Дефинитивно ке земам тестери, поскапи се од маслото/ кремата на хаушка, па за таа цена мора да се многу подобри за да ги купам, во спротивно би купила хаушка. Фала ви девојки.
Не сум сигурна дали е дехидрирана или едноставно имам комбинирана кожа. Пример, кога го користам маслото од хаушка кое е за мрсна кожа склона на акни, кожата ми е сосема океј.
Имам комбинирана кожа но од когА залади ужасно ми е исушена и кога ќе ставам пудра на носот, образите и челото имам премногу суви лушпи и ужасно изгледа. Редовно правам пилинг но сеуште користам матирачка крема за под пудра па изгледа не е доволно потхранувачка и хидратантна. Ве молам од оние со сува кожа предложете нешто што помага за ова ..
Имам комбинирана кожа ама кремчето одлично ми се покажа, а и составот му е добар. За под пудра го користам исто и одлично легнува пудрата. @sofija014 пробај не е скап.
За навечер маслото од роза на Алверде. А преку ден прво прскам со спрејчето од вода од роза, и врз него дневната крема од роза, исто така на Алверде. Спрејчето не е обавезно, но многу поубаво ми легнува кремата со него. Презадоволна сум, и е единствена комбинација на производи која ми го држи лицето хидрирано зимно време.
Имам комбинирана кожа со мрсна т зона, но дехидрирана и склона кон акни. Моментално користам Себамед гел, али не е тоа тоа. Некоја препорака за крема со пристапна цена?
Јас моментално ја користам оваа крема и задоволна сум. Ми ја препорачаа две феминки, па затоа и се одлучив. Точна цена не знам, мислам дека е околу 250 денари, повеќе од 300 не е сигурно. И тоникот и пилингот се горе-долу по 200 денари, но мислам дека сите 3 производи не беа повеќе од 600 денари. Спојлер Јас ја користам во комбнација со тоникот и овој пилинг
Ребека од каде го купуваш пилингот? Дали го има во Тинекс? Имав тестер и презадоволна сум па сакам да си го земам.
Јас го купив од Космо, го немаше во Тинекс, ама можеш да побараш, зависи во кој маркет ке одиш. Цените се исти, можеби има разлика од 10 денари.
Многу одамна сакам да го пробам маслото за масна кожа на Др.Хаушка, па девојки има ли некоја од вас искуство со него или да ми препорачате нешто слично што ви се покажало добро.Мака ми е да купувам кои не ми одговараат воопшто а во последно време не ги погодувам баш
Имам пишувано за маслово на Хаушка пред неколку страни , разлистај низ темава. Мене не ми се погоди доста ми го мастеше лицето , обично ниедно масло не ми се погодило до сега. Од Хаушка ми се допаѓа Мелиса кремата таа ти ја препорачувам
Штом те масти најверојатно и мене исто ќе ми делува.Мислам дека ќе те послушам и во скоро време ќе ја земам мелиса кремата.Благодарам за советот