Имав пишувано во друга тема, простете нова сум тука и малку сум збркана..хаха. Дали би имале да ми препорачате некоја крема за мрсна кожа склона кон акни но да е достапна по аптеки или маркети, бидејќи несум од Скопје.
Bi sakala da mi preporacate gel za lice namesto krema da go koristam. Za pod pudra. Inaku, imam normalna kon mrsna koza
Гелот на Себамед, многу сум задоволна од него. А како поевтина варијанта зелениот гел на Балеа. Спојлер: Слики
Алверде камилица, или пак Алверде дива роза. Ги имам пробано и двете, таа со роза ми даваше поголема хидратација, баш е за сува кожа. Од Балеа немам пробано.
Предлог хидратантна крема за комбинирана кожа склона кон акни ? Јас да ви кажам конечно си ја погодив секојдневната крема. Благодарение на неа немам ниту една акна на лицето. Арно ама, времето многу залади и иако Т-зоната ми се мрси, долниот дел од лицето ми е многу сув. Пределот околу устата поготово. Ми треба хидратантна крема, не сум сигурна дали денски да ја користам или некоја ноќна? Предложете ми нешто што мислите ќе функционира..
Јас би ти ги препорачала овие две Lush- Vanishing cream и Gamarde Sebo control И двете се супер за масна кожа со акни и не содржат алкохол
Леле Гамарде одамна ја барам, ама никаде ја нема во мојот град. Всушност ми рекоа дека и во Скопје ја нема, па затоа не можеле да ја порачаат. А оваа другата каде можам да ја набавам? Ја има по аптеки? Фала ти
Аа не си од Скопје уфф штета , оваа ја има само во Скопје ама можеш и да ја порачаш од Лаш страната а другава ја ома во аптека види во Еурофарм , ако ја донеле
@Biodevojka @koritsaki Здраво Предлог за крема за лице со спф 30, комбинирана кожа (сега малку посува овој период) 28 г. Цена околу 800 денари Тенкју
И јас да ја пофалам кремата на Себамед. Имам комбинирана кожа и кремата одлично се покажа за хидратација на кожата на лицето. Многу лесно се впива и лицето ми изгледа навистина убаво. Ептен сум пријатно изненадена. Патем, сите производи на Себамед се на попуст во Космо во Лиса центар во Ново Лисиче.
Драга пробај го кремот со алое на Organique...одличен е за масна кожа, хидрира не масти и го контролира себумот. Ќе го најдеш во Космо. Поздрав.