Ми треба препорака за добра крема за суво лице. На челото ми е црвена веќе, ме чеша и се лупи. Да напоменам дека јас имам и целијакија и најверојатно е и тоа, па затоа треба да кремата глутен фри, по можност органска.
Јуле, другарка ми е со целијакија цел живот, не користи органска козметика, лице има стакло. Така да, не се ограничувај само на органско.
Има дневен, ноќен и масло... идеални за сува кожа. Мислам дека се глутен-фри, пошто е органска козметика. Го имав овој крем, мрсен ми е многу, ама маслото ми е идеално. Сите три заедно нема да те чинат повеќе од 500 денари.
Бекутанот секако ќе го тргнеш, си требала и до сега. Не знам што користи таа, ама ете јас ќе се обидам да ти препорачам тоа што знам. Себамед, пријателка е многу задоволна. Fleurance, таа е органска, сега плус во Зегин е на попуст, имаш со алое вера за интензивна хидратација. За навечер земи го маслото од рози на Алверде. Не сум го користела, ама многу го фалат. Пробај еден од овие два крема во комбинација со маслото. Себамед е медицинска козметика.
Да, мислам дека на Алверде козметиката е декларирана како глутен фри. Ќе земам тогаш, а и ок ми е цената.
Здраво да ми препорачате добра крема за комбинирана кожа-мрсна Тзона другото суво.Имам пробано нивеа за мрсна кожа,др.хаушка мелиса,биодерма-зелена линија,еуцерин исто зелена линија, ла рош ефеклар,логона од нане..Сите ми беа добри по 2-3недели но потоа како да не ми ги поднесува кожата многу брзо ми светнува т-зоната а останатиот дел многу затегнато го чувствувам.
Има и една крема на Алверде, мислам од маслинка. Ја купив неодамна, вака за почеток убаво ми изгледа. Биодевојка има рецензија за таа колекција, провери на блогот ако те интересира. Околу 200-300 ден е.
Нема, таа во гтц ја затворија. Мислам може и онлајн да се нарача ама нз дали им функционира. Поубави креми од овие немам пробано
Јуле, кога ќе те чеша така, земи ја на Алверде за осетлива кожа. Ултра сензитив пишува на неа. Мене веднаш ми ја смирува кожата, и црвенилото, и чешањето. Инаку таа од дива роза е одлична.
@Biodevojka барам твое мислење или препорака...Ќерка ми има 12 год, со атопичен дерматит...го ставаме под контрола колку можеме, на телото секоја година се повлекува по малку и од лицето. Користи путери на Ла сој за сува кожа, но и се направија на лицето (белки), незнам како се викаат правилно и забележувам дека како влегува во пубертет лицето и е дехидрирано и не и помага мрсна крема. Избегнувам еуцерин и слични креми, ги има користено како помала. Прашањето ми е...може ли да пробам со алверде кремите за лице, маслата, дали би пречела возраста или имаш некоја друга препорака.
Draga probaj go masloto Na Emu Derm spored mene moze najmnogu da pomogne i kaj crveniloto i kaj suvata koza. Jas licno sum ptezadovolna od ova maslo. Ako ti smeta mirisot zemi go ona vo crvena opakovka kade pisuva serum. Pozz
Го има во ДМ и Космо. Претходно во Космо беше на акција 1+1 (еден купуваш,а еден добиваш гратис). Не знам дали акцијата сеуште трае. Го немам пробано маслото, па не можам да споделам искуство.