Не, не Алверде. Веројатно мислела на Ему дерм. Алверде си има стандард само во ДМ дека нели нивна марка си е. Еве да се дополнам со коментарот погоре, Алверде има само во ДМ.
Благодарам на предлогот @Biodevojka ..го земав маслото од аптека Берна фарм, ќе го пробаме и ќе кажеме искуство. И ставив на ќерката, ама мора и мама да го проба. Од прво користење веќе ми се допаѓа...
Пoгрешнo си ме сфaтилa. Јaс пишувaв зa Emu Derm мaслoтo, a не зa Alverde. Alverde имa сaмo вo ДМ. Oд Аlverde прoизвoдите гo имaм прoбaнo сaмo путерoт зa кoсa и сум презaдoвoлнa.
Нејзиното височество , и спасот за овие ладни денови. Кремава е преефтина за нејзиниот квалитет. Јас ја земав дневната. Ама во план сум да си ја земам цела колекција. Имам сува кожа, одлично се впива. Лицето ми е меко и мазно. Ја користам и за под пудра , лицето ми изгледа свежо. Сепак, навечер се мачкам со органско косково масло.
estee lauder daywear anti-oxidant spf 15 и многу сум задоволна. имам сува и осетлива кожа, супер хидратација ми дава и црвените дамки/лузните од акните ми ги избледе.
Здраво, Имам комбинирана кожа со поизразени пори и во последно време склона на акни. Ја купив плавата пена за миење на лице од Балеа. Многу сум задоволна од пената, ама ми треба и крема за лице. Сакав да прашам да ми предложите некоја крема за лице, ама не многу скапа. Размислував и за крема од Биотен или Алверде, ама немам користено од таа колекција
Јас имам комбинирана кожа, ама немам пори, акни повремено ми излегуваат, ама поретко од порано. Користам крем за лице на Балеа со екстракт од лотус, или пак исто крем од Балеа со алое вера. Кој и да го земеш нема да згрешиш. Јас додуша повеќе го сакам овој со екстракт од лотус, тој другиот не ми е толку користен, ама арен си е. Плус поприроден е, и не се скапи ни двата. Околу 200, еве до кај 250 денари максимум се.
Фала ти, дека сум задоволна од пената на Балеа а читав и доста ги фалат кремите па и затоа сакав оваа колекција да ја пробам.
Алверде од маслинка Во хартиено пакување е. Внатре темна стаклена тегличка. Околу 200-300 ден мислам во ДМ
Сакам да ја пробам кремата од алверде, конкретно за нормална кон сува кожа ми треба, па ме интересира дали има цела колекција, со серум со тонер со нешто слично, и какви и се цените пошто немам досега користено ништо од нив..
Јас би ти ги препорачала тоникот и флуидот од црвената линија на Алверде. Неколку пати имам пишувано за нив низ темиве. Го чистам лицето со тоник и претежно навечер(и дење кога сум дома) ставам од серумот на деловитр каде што имам акни. Премногу ми се исчисти мене лицето. Имам само пофални зборови за овие 2 работи. Заедно се околу 500 денари
Точно го има во ДМ и Космо. Јас ги имам пробано и двете и она синото и она црвеното и може да кажам дека се феноменални. Единствена разлика е што црвеното рафинирано и отстранет е мирисот. Поздрав
Јас прашав тука за Балеа ама не стасав да одам да ја купам. Е сега ми кажа другарка дека и кремите на Биотен биле убави, она користела. Читам тука и за Лореал трипле актив. И сега не знам што да земам. Ми треба за секојдневна употреба, а пожелно би било и да е добра за под пудра. За комбинирана кожа која периодов на одредени делови (носот и челото) ми се лупи и е сува. Предлог која од овие 3 е подобра за таков тип на кожа?
@flower30 може јас да ти предложам нешто? Бидејќи претпоставувам си околу 30-тите како мене (можеби грешам, не знам ), за комбинирана кожа, а воедно и против први знаци на стареење ти ја препорачувам кремава на Нивеа Со Q10, против први знаци на стареење, против проширени пори и за комбинирана кожа. Плус и SPF има. Од drugstore брендови според мене нема подобра, па и што опфаќа повеќе проблематични аспекти одеднаш. Околу 680 денари е (зависи каде ја купуваш), лесна текстура, не е мрсна и не остава филм на кожата, хидрира одлично и е идеална за под шминка. Мене ми е предобра, а јас како корисник и на поскапи креми и фанатик за убава кожа слободно можам да ја сместам во категорија со многу поскапи креми од звучни брендови
@Sexybaby86 да, 36г. полни Одамна немам користено креми на Нивеа, и не ни помислив на нив. Последен пат мислам користев нивеа со зелено капаче, ама за под пудра ич не ми беше добра. А имам и пори, и кожата ми е ко остарена, па според описот оваа би била идеална за мене. Не користам шминка често, ама ете за понекогаш ми треба. Фала ти, ќе ја побарам оваа
@flower30 таа со зеленото капаче е за мрсна и за млада кожа, оваа е за 30+ и иако е за комбинирана, не ја суши кожата во посувите делови и не ги мрси дополнително мрсните. Ептен е убава и лесна, мислам дека ќе ти се допадне. Сменета и е сега амбалажата, изгледа како на сликата погоре што ја ставив. Порано беше во стаклено тегличе и изгледаше пофенси, ама составот не и е сменет, така што врши работа и вака во пластичново кутивче Се надевам ќе ти се допадне П.С. Слични се амбалажите со таа со зеленото капаче, пази да не ги помешаш при купување. Барај Q10 да пишува