Фала ти многу за информацијата си ја симнав сликата, обавезно со тел. Одам да купувам Ќе пишам баш каква е. Ако и мене ми одговара, оти лицето ми е за никаде, значи кремава ќе вреди за сите пари
Predlog krema za suva koza na lice... predhodno koristev nivea i cien od lidl okej mi bea... cien veke nemam a i tesko deka do grcija ke otidam za skoro. Plus i bremena sum i mislam deka uste poveke mi e suvo dehidrirano liceto.. sto da zemam?
Ја користев летото првата крема , ама многу леплива ми беше некако , мене не ми се допадна Можеш да си набавиш тестер во нивната продавница, да пробаш може тебе ќе ти се допадне.. Јас си се вратив на Др.Хаушка
Имаат моментално попусти ? Каде , во кој Зегин планирам да си земам лосион за лице да пробам од Хаушка.
Во сите Зегин аптеки. Мислам до 31.12 е 25% попустот. Ама, знам дека најснабдени им се City Mall и таа 24/7 кај Буњаковец. За другите нивни аптеки не можам да тврдам каде точно имаат Хаушка.
Јас го користев зелениот флуид со нане и презадоволна сум. Одличен беше и самостојно нанесен и како подлога за пудра. Наредното лето пак би го купила, ми се погоди ептен ама сега не ми треба нешто што матира па се префрлив на други креми.
Предлог крема со навлажнувачки ефект? Кожата од една страна ми изгледа дехидрирано, но т зоната ми е постојано мрсна. Моментално го користам гелот на Себамед бидејќи имам и по некоја акна. Цената да не биде над 500 ден.
За сува кожа или на Др.Хаушка со рози или на Алверде исто така со рози и двете се најчесто спомнувани на форумов за сува кожа.
Ја користев првата до пред две недели и одлична ми беше. Лицето никогаш не ми било толку убаво. Сакав да ја пробам на Себамед кремата и за разлика од останатите производи кои ептен ми одговараат кремата не ми го држи лицето под контрола. Почнав повторно да имам по некоја акна, а со таа од Логона дали ми се појавуваше една во оние денови. Кремата од Логона ја комбинирав со маслото од Хаушка.
Од неодамна започнав да ја употребувам како дополнителна нега во зимскиов период и повеќе не ја менувам. Презадоволна сум и топло ја препорачувам.
Се согласувам, но од друга страна повеќе сум потрошила на креми од Nivea, L'Oreal, Eucerin, итн кои не ми одговарале на мојот тип на кожа... Се уверив дека оваа крема вреди секој денар.
Која крема ми е препорачувате од Хаушка? Имам комбинирана кожа со масна т-зона, исто и отворени пори и по некоја акна.. Сакам да е хидратанта бидејки мислам дека ми е малце пресушено и ми лачи повеќе себум. Некоја за секој ден