Ја нарачав претходниот месец беше 300ден во каталогот и очекував да биде како гел. Ја пробав прв пат, мрсна ми беше на лицето и на рацете и почна да ми се лепи по прстите. Ја пробав уште неколку вечери пред спиење и наутро пред да ставам пудра жива катастрофа.. лицето ми светкаше цело преку пудрата од што има светки во неа и пудрата не ми впива како што треба на кожата. Ми се собира во сите линии на лицето. Како и да е..Не ја препорачувам за нормална кон комбинирана кожа. За сува не знам да ви кажам.
Предложете крема за лице за сува кожа до 35 год .Моево лице почна почесто да ми се исипува и откако ми поминат како флеки ми остануваат.
Јас би ти предложила да отидеш на дерматолог. Исипувањето може да значи алергија на некој производ што го користиш, но и розацеа. И во двата случаи е потребна посебна козметика
Бев и ми предложи крема себиум глобал, но таа е 1000 ден и е многу мала за неколку дена .Нешто многу скапо ми излегува
Од хормони, бидејки имам покачени вредности на фсх хормон, но сега го средив а акните пак ми излегуваат на образи и на вратот ....како во пубертет сум
Сфаќам сега. Имаш испитано тестостерон и андростенедион? Кај мене имаше вишок на тие два хормони и откако почнав да пијам терапија ( спиронолактон) ми се среди лицето. Засега, би ти ја предложила кремата на Fleurance од алое вера, 400 денари е во Зегин а често е на попуст и 320 денари. Често ја предлагам оваа крема бидејќи според мене има најдобар сооднос на пари/ квалитет, се работи за природна органска козметика. Алоето е многу хидратантно, а истовремено и ја смирува кожата.
@LollySky јас сакам да те прашам за кремата на fleurance со алое дали има како лепливо чувство по нанесување бидејќи секоја крема со алое што ми била ми оставала лепливо чувство на кожата
На неа пишува за сите типови на кожа. Јас имам комбинирана кожа, посуви образи со помасна т-зона, убаво се впива насекаде. Не сум забележала такво нешто со кремава.
^^ Се согласувам дека кремата со алое е убава. Мојата проблематична кожа одлично ја поднесува. Плус тоа, одлична база за пудра е
Девојки бев на некое испитување и ми рекоја дека имам намален колаген на лицето. Ми дадоја една крема со колаген, ама на нејзе пишува дека е за лица над 30 години, а јас имам 24 па незнам дали да ја користам ваше мислење ? @Biodevojka
кажите повеќе добри креми сп алое вера, во план му беше зиаја со маслинка да земам за моето суво лице, но сега читам ги фалите кремите со алое вера?
Според мене составот е катастрофа, а и не би требало да користиш колаген пред 40тата година. Ако ја навикнеш на готово, нема ни да се мачи сама да создава колаген.