Мишела ако не ти е проблем да ми кажеш во кој дм ја има кремава. Ја барав денес во тој во веро џамбо ама ја немаат.
Каде има козметика на La Roche Posey? Барав во Зегин во мојот град, ама немаше во моментот, некако слабо ми се опремени тука. Дали ја има во Скопје?
Ќе ве замолам за сите производи да ми ставите декларации во соодветната тема. вака не можам да ви кажам ништо за производите додека не ги видам состојките. Поздрав. Здраво драга може да ја пробаш кремата на Органик со алое која е многу убава. За чувствителна и комбинирана кожа хидрира и не масти. Цната е околу 1200 или 1300. Исто така одлична е и кремата од мелиса на Хаушка. Цената е исто толку колку Органик. Одбери една од овие две. Органик ја имаш на штандот на Белина во Сити Мол и Рамстор како и во Космо, додека Хаушка се продава по сите аптеки како Зегин, Еурофарм итн. Поздрав.
@CameliaMiller Nivea cellular filler ја користеше ти? Гледам на убав попуст е во рамстор па да ја пробам
Да ја пробаш, јас сум презадоволна Да не се лажеме, автопатите на чело не исчезнаа, ама се многу "покултурни" сега, башка општо како го измазнува лицето...
Користам од Авон од краставица и чајно дрво. И плус од Здраве плавото кремче што го има по маркетите - од него ставам на лузните од акни и ми помага.Плус и гел за миење лице исто од Авон од краставица и чајно дрво.
Кремата прекрасно мириса, знам која е, ама би ти препорачала нешто со малку подобар состав, таа освен што предобро мириса, навистина не е баш добра.
И јас бев скептик заради тоа што таквите "кремчиња" Авон и Орифлеим и не се многу ефикасни..ама, ја зедов на препорака на една докторка заради присуството на чајно дрво во составот на кремата, а и на гелот. Кажи ми некоја друга ако знаеш за избелување на лузни од акни?