Мене не ме секираат годините напишани искрено. Немам ни 30, а имам брчки, што е нормално со оглед дека цел ден во екран гледам, па го "мрштам" челото и очите кога сакам да се "фокусирам" и го правам тоа несвесно. Затоа имам брчки на чело и околу очи, ама покрај уста или "смејалки" немам. Така што, може години немам, ама брчки имам, и многу ми е страв дека со ова темпо на 45 ќе изгледам како да имам 70.
Да си земеш очила за пред екран ако немаш, помагаат верувај. Мене ми престанаа околку очи да ми се длабочат откако ги носам за читање и зјапање во екран. А за другото живи и здрави ќе си се сакаме со брчки и ќе си се шлашаме со креми .
@Biodevojka пак јас ама навистина не знам на кого да се обратам.На внатрешните агли на капаците од очите,под веѓите ми се појавува црвенило на кожата.После некое време на истото место се прави како првут,се лупи кожата.Мислев дека е од шминка ама речиси една недела не користев и продолжи да се појавува.Ставам крема од невен,пробав и со кокосово масло нема ефект.Пробав да покријам со коректор ама уште толку се познава тоа првутот,не знам како да го наречам(а црвена не можам да шетам).Дали знаеш што предизвикува ваква реакција и како да се смири местото?Или треба да се посети дерматолог?
Да не користиш случајно влажни марамици за вадење на шминка? Мене од нив и од еден јак тоник на база на алкохол ми се појавија.
Не,шминката ја вадам со памукчиња и со мицеларната вода на Балеа.Исто вака ти се појави како што го опишав?Успеа да ти исчезне?
Ако може некој да ми препорача добра хидратантна крема за сува кожа, со заштитен фактор ама да не е прескапа. Тееенкс
Мене ми се појавија кај коренот на носот, меѓу веѓите и над внатрешниот агол од окото. Пробај да се миеш со некоја блага пена за лице откако ќе ја избришеш шминката. Никако не ја оставај кожата само избришана со памукчиња. Јас ја користам плавата на Балеа за комбинирана кожа. И пробај го маслото од роза на Алверде или некоја хидратантна крема. Кокосовото масло кај мене не се покажа како добро.
Здраво драга, најнапред да не имаш проблем со пролетни алергии??? Доколку не причините може да бидат разни: агресивно средство за миење, агресивен отстрануваќ на шминка, алергија на некоја состојка итн. Од она што ми го опиша тоа најмногу се појавува како алергија на полен. Имам другарка на која и се случува истото во април и мај. Провери да не си алергична и избегнувај шминка на очите може само маскара. Поздрав Драга моментално на попуст 50% е фактор 30
Фала за споделеното инфо, ама не ми помага заштитен фактор 30. Кремот го користам по препорака на дерматолог. Ќе ги следам објавите на Логона, па можеби ќе има намалување и на пакувањето со фактор 50.
Ја земав пред месец дена, и дневна и нокна е , јапонски бренд и има 3 вида хиларионска киселина во неа и е пре , предобра јас сум предзадоволна. Ја има во ДМ, околу 1100-1200ден ,често знаат да ја стават на попуст јас ја земав околу 800и нешто. Топло ја препорачувам зашто имам пробано мал милион креми а кожата никогаш не ми била помека и посјајна од оваа. Што е најбитно ја хидрира ,откако ке упие и така останува во текот на цел ден, се додека не ставам пак после вадење шминка.
@Biodevojka би сакала да ми помогнеш околу изборот на крем за лице. Веќе 2-3 години ја користам кремата на Алверде за многу осетлива кожа. Но осеќам дека кожата почна да ми се заситува, како да се масти, не легнува добро, а од друга страна само таа не ми прави црвенила, иритации и чешање. Ова е составот на кремата од Алверде, па ми треба некоја друга со сличен состав колку за промена. Во лето имам нормална до комбинирана кожа. Цената не е важна. Фала однапред
Ја зедов оваа колекција во ноември месец, кога ја донесоа, и искрено да бидам, не приметив никакви промени. Имам и дневен, и ноќен крем, плус moisturizer-от. По тоа како ја фалат козметикава, очекував чуда, или барем еве, промени на подобро, ама ништо поразлична не ми е кожава од претходно.
Кај секого различно,секој тип на кожа е различен. Мене ми е супер, и сега за сега не ја мењам за ниедна друга.
наназад неколку страни и јас прашав за таа. Ми одговорија дека по состав е ужас и си ја искористив за стапала и за раце колку да не е така за џабе купена. И искрено не ми се допадна многу. Инаку сакав да прашам дали некој може да предложи ноќна крема за 30+ год и да е за сува кожа