@soffce отвори на 230 страна да прочиташ за кремата на Еко Козметикс со фактор 50. Јас со 30 фактор не сум ја пробала, меѓутоа верувам е исто така добра (за сува/нормална чувствителна кожа)
Девојки, ве молам предлог крема за лице. Имам сува кожа, склона на црвенило. На ладно, топло ми станува кожата црвена, поточно Т зоната, а и тука ми е мрсна. Дали некоја се справила со ваква проблематика. Јас користам бебешки креми, сум испробала многу, тие ми одговараат најмногу, но сакам некоја добра крема.
Здраво, имам 20 години и до сега немам користено некоја крема за лице постојано.Но во последниот период забележав промена имав мрсна кожа но се повеќе ми станува сува на некои делови од лицето па сега веќе имам комбиниран тип на кожа. Би сакала да пробам некоја хидратантна крема, предлози од кои сте вие задоволни и цена на истите ако може?
Дали може да ми препорачате некоја природна крема за лице. Претходно ја користев од fleurance, со алое вера за сите типови кожа, па сакам да сменам. Доколку има до 500 денари, органска козметика, без силикони, нафти... за младешка кожа. И ако може креми со заштитен фактор исто на природна база, да ми препорачате.
Здраво! Како нарачана ми се појави твојава порака. Моментално ја користам кремата со арган од Флеурансе и многу ми е густа, за овој период ми треба поретка. Баш мислев да ја купам таа со алое, 400 денари е ако не грешам? Ама не сум сигурна дали воопшто гледам некоја разлика со кремата од флеурансе... не сакам да трошам пари без врска. Може да ми пишеш искуство со кремата? Можеби слика за да ја видам текстурата? инаку, под 500 ден тешко се наоѓа ... Натура Сиберика да ја разгледаш? 700-800 денари се движат.
Оваа ја користам веќе 2 месеци и многу ми е погодена. Како гел е, многу лесна и кожата ја прави ептен мека.
Здраво @IloveScience јас ја имав купено од порано, тогаш беше 400 денари од Зегин, а и отприлика толку им се движи цената. За жал, ја фрлив вчера амбалажата бидејќи ја истрошив и не можам да ти сликам да ја видеше текстурата. Мене ми е добра, ниту многу густа, ниту течна. Пишува на овие со алое вера дека е наменета за сите типови кожа. Доволно ми беше мала количина да нанесам и веднаш се впиваше. Некоја разлика не почувствува. Во спојлер ќе ставам слика од нет да видеш каква е амбалажата, со кутивче не можев да најдам, ама исто е вакво како кремава. Спојлер: Алоевера @koritsaki имам комбинирана, делови суви, делови мрсна. Некогаш пак скроз ми е сува, од временски период.
Ве молам за предлог за некоја квалитетна крема. Имам 28г, чисто лице. До сега користев некои креми онака (Авон, Афродита, Dove), веќе мислам треба да почнам со поголема грижа.
Јас ја имам користено но онаа што е наменета за кожа со флеки и склона на хиперпигментација, оваа гледам дека е тонирана за сензитивна кожа. Јас не бев баш задоволна бидејќи не се размачкуваше лесно, оставаше бели траги и ја чувствував многу тешко на лицето. Беше негде околу 1000 денари колку што се сеќавам а за оваа не знам но мислам дека ја имам видено ѕирни во Виола, Еурофарм, Зегин.