Здраво феминки, ми треба мала помош. Каков крем би ми препорачале за комбинирана кожа? На некои места ми е толку сува што почнува да се лупи. Ви благодарам однапред.
Мелиса на др.Хаушка многу убаво ми се покажа за масните делови од лицето. За жал не ми е доволно хидратантна за образите па ја користев во комбинација со некое масло или друга помасна крема. Јас морав таква комбинација бидејќи на лето, се што ми е одлично за образите ми е премасно за т-зоната, и обратно. Доколу ти дозволува буџетот ти ја препорачувам, околу 1000ден е по аптеките.
Ниедна крема така не ми се погодила, ниедно органско масло за лице, како што шеа путер ми го прави лицето. Имам нормална до комбинирана кожа и е супер за моето лице, за тие со суво лице би бил идеален. Инаку преку ден користам кремата на Natura Siberica и сум задоволна, а како ноќна користам шеа путер, во зимниот период често го користам како замена за крема.
Препорачајте ми крема за не многу сува кожа на лице? По можност да биде органска, за секој дневна употреба.
Во подобро снабдените аптеки... на пр.Зегин. Ако може мала помош, предлог...ја користев кремата на алверде со лимета и јаболко, па на балеа гел-кремата, сега ми е при крај нивеата со Q10 за комбинирана кожа со фактор 15, но...лицето го чуствивам доста уморно, посебно кога ќе нанесам пудра (во моментов ја користам catrice hd, a сум ги пробала и ревлонот, фармаси, боржуа аир мат и др). Се мислам да ја земам кремата на хаушка, мелиса, но незнам има ли заштитен фактор или би ми препорачале некоја друга. Да напоменам...имам мрсно лице и алергија на сонце.
Ако може предлог за крема за лице за млада кожа, со масна Т - зона и суви образи, склона кон создавање црнки и митесери. Исто така да има и заштитен фактор барем 30 зошто многу лесно горам од сонце. До кај 500 денари би било идеално
Ја имаш во Зегин и подобро снабдените аптеки, на намаление ти е околу 1000 ден ( прати акции), од сите креми кои што сум ги користела со 50+ фактор најзадоволна сум од оваа крема, бидејќи имам кожа склона кон правење на флеки и сум алергична на сонце и имам розацеа, деф најдобро се покажа оваа крема. Ја зедов по препорака на дерматолог.
Јас ја купив вчера, за нормална до сува кожа е, јас имам комбинирана и ми е во ред. Ја земав бидејќи имаше најмалку алкохол и помал број штетни состојки во составот. Мириса убаво, лесна и многу лесно се размачкува. Не ми е воопшто тешка на лице. Сега за сега само тоа можам да ти кажам, и е 165ден
Ако ја има користено некоја девојка кремава да сподели искуство, а би сакала да ми препорачате некоја крема што ви се покажала добра за летниот период за чувствителна кожа ( претежно сува со на моменти масна т-зона ) бидејќи никако не можам за во лето да си најдам соодветна крема
Чиста 10ка. Мрсна и чувствителна кожа имам. Исто така одличен е серумот на Алверде од морски алги/хидро комплекс така нешто беше ако ти треба плус нешто пред кремата.
Имате ли искуство со кремава. Тргнав да ја земам Мелиса, ама се откажав зошто нема фактор. Аптекарката ми ја предложи Биодерма со фактор 50, ама не бев одлучна и не ја земав. Во потрага сум уште по добра крема со заштитен фактор за мрсна кожа...
Ако бараш крема со заштитен фактор оваа не ти влегува во критериумите. 15 е никаков фактор, барај најмалце 30 ако имаш природно потемен тен или 50. Има низ темава предлози, зависи до колку пари сакаш да дадеш. Реално кремите со заштитен фактор е се поскапи од обичните секојдневни, но ако не ти е итно можеш да начекаш акции. Eucerin, Bioderma, Freezyderm се дел од брендовите што имаат убави креми со заштитен фактор.
Ја купив на Fleaurance. Прво ми се допадна затоа што е со пристапна цена (400 денари рамно во Зегин) и затоа што покрај цената е органска во вистинска смисла на зборот. Кремата има лесна структура, воопшто не е густа, многу лесно се размачкува и мириса на алое вера, суптилен мирис. Едвај чекам после секое миење со алверде пена (имам уште малце, потоа се префрлам на таа од Оливал која исто е органска, но не е толку груба како алверде). Алверде ми се топ, малце повеќе алкохол, но за разлика од некои безврска состојки, не е штетно. Засега немам нешто негативно за кремава, ми ја држи под контрола кожава, имено се работи за сите типови на кожа и лицето ми е океј, немам некои ултра неправилности. Порано барав магичен рецепт за чисто лице, не сфаќав дека рутина и козметички производи кои имаат добар состав е лекот. И нормално, ако нешто не одговара за кожата - веднаш да се откаже. Ја користев и биодерма, ама ја оставив за во зима да ја дотрошам - која имено ја ставав само навечер откако ми рековте дека не смее на сонце поради овошните киселини. Нема некој органски состав, медицинска линија ама... не би ја купила повторно. Иако сметам дека доста ми помогна за флеките. Сега може да се одбере и добра крема со спф фактор, органска. Гамарде, лавера...ќе се разгледа.
Освен што заштитниот фактор е мал, кремата дефинитивно не е за масна кожа. Јас имам комбинирана и ја користев само навечер, затоа што ми беше премногу хидратантна за преку ден. Лани имаше во ДМ од линијата Sun dance( ако добро се сеќавам) мат крема со 30 и 50 фактор наменета за лице. Бела тубичка со жолто-портокалова етикета. Провери дали ја има и оваа година. Јас бев задоволна од неа.
Моментално ја користам кремата на Alverde со лимета и зелено јаболко , добра ми е , но полека полека ќе почнам да користам крема со спф , ќе си ја набавам повторно кремата на Apivita oil balance за преку ден со 30 заштитен фактор. Оваа на Алверде ќе си ја користам за навечер. Свекрва ми зема на Ла роше , но искрено не ми се допадна баш, иако наменета е за масна кожа ,мене ми ја мрсеше и среќа не ја купив. А и гледам да бирам нешто по природно така да ќе си останам на Апивита.
Ја има во Мк и ако да, каде може да се купи? Цената колку и е од прилика? Фала (За Апивита прашувам )