@Yowannty со здравје да си ги користиш работиве од Апивита кога ќе ја пробаш кремава баш пиши како ќе ти се допадне
Добив тестерче од Биотен дневна крема, Detox пишува на примерокот. Ми се виде убава на лице, преубаво ми мириса, има спф 15, ама не знам каква е што е. Ја користела некоја, има задоволни? Кај можам да ја најдам, за каква кожа е?
Еве, веќе било пишано, и апсолутно нема што повеќе да се каже за кремава. Ако сакаш, овде можеш и сама да ги провериш секоја состојка поединечно за да се увериш. Фино спаковано ѓубре кое не би го ставила на ниеден тип кожа од ниедна возраст.
Фала Од денеска ја тестирам. Ќе видам деновиве како ќе биде. На прв впечаток ми се допадна. Гелот ќе почека, имам уште малку од стариот да го дотрошам пред да го почнам новиот.
Предлог крема за лице за 25+ години за сува кожа? Повеќето наместо да хидрираат како само да оставаат мрсен финиш.
Дали имаат Др.Хаушка крема со заштитен фактор? Само што се потсетив колку сум задоволна од Мелиса кремата. Па обавезно би пробала нешто такво ако има
Ја имам крема на еуцерин ( онаа гел крема за масна кожа со 50ка фактор) и пишува дека рокот и е до 6ти месец но има уште доста за користење па дали мислите дека ќе штети ако ја користам и 6ти месец?
Нема сигурно да ти штети, не се секирај. Башка не е дека рокот ќе ти биде изминат година дена па да ти е шубе. Јас колку што знам, на таквите креми, по истекот на рокот постепено им опаѓа заштитното дејство кое го има, друго некое баш штетно дејство мислам и дека нема.
Би сакал ли некој да ми предложи крема со СПФ 50, да не е тешка и мрсна и да не е премногу скапа (до 500-600 ден). Имам многу светла кожа на која лесно се исфрлаат пеги, па ми треба добра заштита. Како за проба ја земав кремата од Black Up со фактор 30 и мислам дека од неа ми се исфрли долниот дел од лицето со акни, така да ми треба нешто што нема да е толку тешко на кожата. Имам слушнато убави работи за кремата со фактор 50 од Neutrogena, но ја немам сретнато кај нас.
Доколку имаш сува кожа можеш да го пробаш флуидот Anti pollution со заштитен фактор 50 на Сан Денс. Лесен е, но бидејќи имам масна кожа засветувам и секогаш финиширам со камена пудра. Доколку имаш масна кожа земи ја на Еуцерин Oil control исто со 50 заштитен фактор. Јас ја користам втората и лицето не ми свети во текот на денот, плус ми е некако полесна во споредба со оваа на Сан денс. Флуидот на Сан денс чини не повеќе од 300 денари и можеш да го најдеш единствено во ДМ дрогериите, а Еуцеринот чини 700 и нешто и е малце солен во однос на цената, но е одличен. Лани прв пат го купив и континуирано го користам под подлогата за шминка без разлика на годишното време и интензитетот на сонцето.
Ми се јави мала алергија(со лушпење) на лицето од сонце. Доктоката ми речњ да си најдам некоја убава крема со цинк. Предлог? (Може и поскапа.)
Имате ли да ми пеепорачате некоја крема за лице за сува кожа. Да не биде кремата мрсна туку хидрантна.
За сува и многу сува од истиов бренд Fleurance nature од арган мислам е наменета. Прашај секако кога купуваш која би ти била подобра. П.С: еве ти во спојлер слика од кремата, не знам дали смеам да прикажувам, сепак не правам реклама. Спојлер http://www.zegin.com.mk/home/products/product-detail.html?uuid=ef0c5dc1-056f-467a-a86a-722b47982144
Јас ја имав таа од алое која ми кажаа дека е за сува кожа и кога ќе ја нанесев упиваше, а потоа како да го замазнуваше лице и да се губеше хидратантноста. Во превод: губење пари за џабе. А за оваа може да се праша дали е добра. Со заштитен фактор е?
Мене ми ги препорачаа овие на биодерма бидејќи правам третмани, мора со заштитен фактор. Но овие новите ми личат како пудра или Бб крема, а мене ми треба обична крема секојдневна. Имате ли искуство да ми кажете какви се или пак да ми препорачате обична со заштитен фактор