Има и обични креми со заштитен фактор. На сликата втората е таква, а првата е за акни и мислам дека покрива. Биодерма имаат повеќе креми од сончевата колекција за најразличен тип на кожа. Инаку е убава козметиката, органска била
Да, убави се, ама затоа и скапичка е малку втората е околу 1300 ден. Значи втората е обична? Фала ти forumce Инаку ако знаеш на bioderma, друга со заштитен фактор да ми кажеш, освен оваа
Првата е за кожа со акни, а втората за чувствителна кожа. Првата дава мат ефект оти обично акни се јавуваат кај мрсна кожа. Зависи каква кожа имаш, за различнс намена им се кремите
@Amelia ако на првата крема пишува tinted , тогаш е нешто како крема со боја. Ако не пишува значи е обична. Од првата јас знам дека има два типа и со боја и без. Првата иако вика дека е мат , јас кога ја пробав првиот саат - два не светев , потоа светнав како лампион. Ама се си зависи од кожа на кожа , најубаво е да побараш тестер и да си пробаш прво. Втората е исто обична за чувствителна кожа , е таа ја немам пробано Инаку Bioderma е далеку од органска козметика има ист состав како традиционалната козметика.Можете да го проверите составот
Стварно? Имам контактирано со претставници и кажуваа дека била прогласена за најдобра органска козметика во светот
Да не се природни за жал. И за Фармаси зборат дека е органска козметика , ама не е Може @Biodevojka да го провери составот , баш ако го најдеш стави го овде. А ако сакате нешто природно , имаат Логона , Веледа , Лавера , Еко козметик креми за сончање , што може и за лице да се користат , ете може нешто да предложи и @Biodevojka , а истиве мислам дека можат да се најдат и за многу поевтини пари
За жал не е ретка појавата кај нас на самопрогласување за органски, природни, најдобри во светот и сл. Јас од тоа што се нуди на пазарот, единствено Eco Cosmetics сум сретнала дека имаат органски креми за сончање (во вистинска смисла на зборот органски), со физички филтри. Другите се мислам природни или пак оние конвенционалните со „се и свашта во составот“. Ако ти е важно да е органско, тогаш треба да бидеш спремна да дадеш околу 1000 ден. (+- 100-200 ден.). Физичките филтри си креваат на цена, но сепак нудат квалитет и здрава заштита.
@Biodevojka, ако можеш да ми препорачаш секојдневна крема со заштитен фактор, одам на третмани за лице така да кожата ми е осетлива малку, освен на бидерма некоја друга, секако можеби за иста цена има и подобри, а можеби и поефтини?
@poppie Искрено не знам дали е со заштитен фактор или не. Мислам дека не е. Најдобро е да прашаш. Таа од алое вера пишува дека е наменета за скоро сите типови кожа, додека оваа крема е строго за многу сува до сува кожа. Ја немам користено, моментално ја користам оваа од алое вера, и нема заштитен фактор. Поздрав.
@Biodevojka а какво мислење имаш за кремите со заштитен фактор на Weleda? Дали се во ред да се користат за лице?
Има и на веледа? Немам искуство не сум ги пробала никогаш драга, не сум ги ни видела да бидам најискрена. Стави декларација па ќе ти кажам. Позз