Девојки има некој искуство со кремава? Имам сува и осетлива кожа, по препорака на дерматолог ми е. Меѓутоа сакам да слушнам мислења.
Здраво очајно ве молам за помош..иако не е во склоп на темата но безнадежна сум и незнам каде да барам помош..прочитав за маста на саше од катланово која им помогнала на сите во борба со акните а јас ја водам таа битка предолго..постовите беа дури пред 10години..оние што ги објавиле постот не се активни со години и нема оставено никакви податоци..ве молам некој ако го знае неговиот број или како да дојдам до него нека ми даде некаква информација ви благодарам однапред
Ако ништо баш ништо до сега не ти помогнало со акните, мој совет е да си испиташ хормони на ендокринолог, да видиш проблемот да не е од внатре , па да си го решиш на друг начин него ли со креми.
Имав нормална кожа, но во последно време ми е мрсна не сум имала искуство со мрсна кожа на лице досега, така да плис препорака за добра крема?
За мрсна кожа ти ги препорачувам следниве: Алверде со лимета и јаболка , Др.Хаушка - Мелиса и на Логона со нане
Јас не би ја препорачала кремата на Алверде за мрсна кожа. Ја користам веќе 2-3 недели, имам комбинирана кожа и кремата не врши добра работа со матирање на лицето. Кога се нанесе, да, но после 1-2 часа т-зоната ми изгледа мрсна повторно. Супер е тоа што е природна, лесна е за носење и многу убаво и свежо мириса, но дефинитивно има краток ефект.
Hi дечки, имам нормална кожа и мнозинство од кремите наменети за нормална кожа или ме прават ко баба во лицето затегнато некако не е фреш не е тоа тоа или пак брунчиња ми излагаат. Немав никаков проблем додека ја користев оптималс на орифлејм хидратантен дневен крем за нормална/комбинирана кожа hydra radiance, но сега немам од каде да порачувам и ептен ми е прескапа знам некогаш е на попуст но во глобала доаѓа до 700 денари. Препорачајте ми некоја што би можела да ја купам во аптека, дрогерија и слично. Имам баш нежно бебешко лице по нормала, значи нешто што би имало сличен ефект како кремчето на оптималс.
Nivea soft ПРЕзадоволна сум од кремата, и ја имав нормална кожа само неа си ја користев.. но како што пишав погоре кожата почна да ми се мрси и сега не ми одговара.. како и да е предобра е
Девојки, сакам да купам неколку производи на CeraVe. Кај нас ги нема, планирам да ги нарачам преку амазон. Дали некоја користела нивни производ и дали сте задоволни?
Свекрва ми има многу сува кожа- мене ми дадоа тестерче од првата крема и и го дадов на неа и беше презадоволна , па отиде и си ја купи во нормална количина.. Јас зборам за Грција тука ги има по аптеките и се многу евтини