@Mishela Бидејќи кремава ја барам подолго време,можеш ли да ми кажеш дали се уште ја има во тој ДМ во Тафталиџе, уште таму немам проверено.
За жал не сум била одамна во тој ДМ, не ми е успат. Последно ја видов во ДМ кај Градски ѕид, пред околу 3 недели. Од тогаш не сум ни била во ДМ. Ако ептен не можеш да ја најдеш, пиши им на фб или Инстаграм, враќаат на пораки, јас им имам пишувано некогаш ептен кога ми требала ваква информација. Ќе ти кажат во кој маркет имаат залихи.
@Mishela можеш ли да ми препорачаш некоја крема за лице. Од лани ми се појавуваат бели дамки, кои изгледаат како акни.
Види ја дневната крема од Hada Labo во ДМ. Одговара на комбинирана кожа, а мислам дека ќе ти одговара и на возраста. Јас го имам хидратантниот лосион, феноменален е. А за дамките не знам, ако не се комедони, види што совет ќе ти даде дерматолог.
Дамките не се на цело лице. И доста се ситни. Не верувам дека возраста има врска. Не сум до толку стара. А кои креми за лице треба да се избегнуваат? Ова ме интересира затоа што може дамките да се од некоја крема.
Предлог крема за комбинирана кожа и со добар состав, освен flurence алое вера бидејќи ми излегуваат ситни акни.. штета... до кај 500 денари
голема благодарност дотебе! го купив одлично е, лицето ми се врати во нормала фала богу и пред се шо се најде овде немаш поима колку време барав.. xoxo sending hugs and love
Пред една недела купив крем на биодерма за хидратација на кожата и гел за миење на лице. Мене многу ми се допаѓаат. Би требало и тие за мрсна кожа да се супер.
@koritsaki Сакав да те прашам како си задоволна од производите на So’Bio Etic и на Eau Thermale Jonzac? Конкретно креми од нив дали си користела, кои и како си задоволна? Те прашувам наменски тебе, дека ако добро се сеќавам имаше ставено дека ги користиш... Ако има некој друг искуство со некој од овие 2 брендови, нека пише слободно. Сакам да сменам, па немам искуство, а сум читала добри работи.
@eva993 креми за лице немам користено од овие марки , од So bio etic бб кремата и течната пудра , а од Eau thermale Jonzac само гелот за миење лице наменет за комбинирана кожа. Крема баш минатата недела купив на Weleda , а се мислев за таа со алое вера light верзијата на So bio etic ама ете сепак сега за Weleda се одлучив
@eva993 нема проблем ако пробаш крема од So bio etic ќе чекам да пишеш мислење Сега ми текна дека за So bio имаше пишувано @Biodevojka , баш ми ја предложи течната пудра. Можеби она знае нешто повеќе за кремиве за лице
Го немам пробано кремот од оваа марка. Моја другарка ја користеше мицеларната вода и беше задоволна. Пудрата знам дека е убава. Не би знаела што да кажам за останатите производи немам искуство со ниедна од двете марки. Поздрав