Драга моја најискрено ниедна. Имаат хемиски филтри едната дури и конзерванс кој испушта формалдехид... Многу се хемиски. Ти секако сама избери твое право е ама мене не ми се допаѓа ниедна од нив.
Драга ако може да си бидам најискрена кремов е доста празен според мое мислење. Базата е вода, глицерин и изопропил палмитат кој е хемиско масло. Потпа има алкохол па цетил алкохол кој е ставен најверојатно околу 1% што значи дека сите други состојки се во минимална количина. Може многу подобро да земеш. Нема штетни состојки како силикони итн ама нема ни некои важни активни состојки. Поздрав
Фала ти за одговорот драга, а што ќе ми препорачаш на поприродна база и со побогат состав, за сува кожа?
Organique кремот со тиква 1200 или гоџи бобинки 1400, Dr. Hauschka кремот со роза 1200, Gamarde creme riche со хијалуронска 1200. Избери нешто од ова. Поздрав
eucerin ама не сум многу ѕадоволна иѕгледа не ми е басх погодена со Лореал или некоја сл. крема многу подобро ми било на лице
Дали мелиса од др хаушка , има некој ефект на лицето у смисол да дава свежина, да го чисти од митесери( барем да се помалце видливи) ?
За тоа дали го чисти лицето- не можам да ти кажам зошто немам митесери, но дава хидратација на лицето, одлична е за тие со комбинирана- масна кожа
Не знам дали прашањево е за тука . Летно време кога сум на одмор кога ставам на лицето крема за сончање ,лицето многу ми се исчистува од црнки. Некако да речам помазна ми е кожата,посвежа,на носот црнките не ми се толку ептен точка до точка.(мрсна кожа имам)