Фала драга не ја видов декларацијата. Значи кремот горе долу не е лош. Алкохолот нема да суши затоа што количината не е висока. Се наоѓа по глицеринот кој вообичаено најмногу може да се употреби 5% во еден крем за масна кожа. Алкохолот овде е ставен и поради салицилната киселина како растворач на истста. Она што не ми се допаѓа е карбомерот кој е вештачки згуснивач на производот и фактот што не знаеме кои конзерванси се употребени. Под сиглата парфем вклучени се и конзервансите кои може и да не бидат баш најприродни (во смисла може да бидат и штетни) и лошото е што оваа сигла му дава право на производителот да пише без конзерванси на производот а знаеме дека тоа не е возможно. Јас не би го земала само поради овие две работи. Останатите состојки се ок и замислата била убава. Се надевам ти помогнав. Поздрав
Хидратантниот крем од Гамарде(fluid leger),каде може да се купи? На страната на биохабит барав, го нема. @Biodevojka ?
Драга една друга членка на форумов не знам точно која беше, кажа дека гамард не ја носат веќе во Мк. Затоа и ја нема на биохабит.
И јас го барав кога бев во МК, дури и се јавив на наведениот телефон од страната Биохабит, ми рекоа дека дистрибутерот не ги носи веќе Гамард. За жал.
Штета! Знаеш можеби каде најблиску до Мк може да се најдат? Ако размислам подобро, и во подалечните имам по кој да порачам да ми донеси
Gamarde ги има во многу држави, значи околу Македонија ги има скоро секаде, Бугарија, Грција, Србија. Најчесто по аптеки се наоѓаат. Конкретно кои, не знам, но ги има и на интернет се наоѓаат.
Да ми препорачате некоја крема за лице за комбинирана кожа со масна т зона? Премногу ми се масти т зоната, кога ќе ставам пудра за 5 минути ко лампион светнувам.
јас за сите типови кожа наменета имам пудра,на Илирија ,Делине .Исто имам комбиниран тип кожа,и задоволна сум од неа
Zdravo devojki da ve prsham otkako mi otkrija hipo i hashimoto liceto mi bidna mnogu suvo i bezivotno i brcki mnogu mi se pojavija iskustvo za nekoja maska i krema za lice
Девојки, ве молам препорачајте ми добра крема за нормална до сува кожа, со црвенило. Имам црвенило на носот и делот кај образите со јаболчниците. На т зоната некогаш знае да ми свети.
Мислам дека оваа би ти одговорала или некоја друга на Uriage од розовата/црвената линија. Јас ја користев и многу ми се допадна оваа.