Девојки, има некоја што ги користела овие креми на нивеа, да сподели искуство? Дали би одговарале на комбинирана кожа? Фала
Последно време само креми направени од пчелин восок. Направени од пчелари, без дополнителни хемикалии. Имаше сега на денови на медот во Скопје на ул. Македонија. Еднаш пробав кај другарка, чуда прават. Има повеќе типови, основата е пчелин восок. Има со прополис, со млеч, зависно за што се наменети. Препорачувам
Јас земав сега на тие деновите на македонски мед, но тоа заврши. Ама ќе ја прашам другаркава, знам и она нарачуваше некако, па ќе ти пишам контакт во лп
Дали кремот за лице Балеа со екстракт од лотус се уште го има во продажба во ДМ? Во последно време не сум го забележала или има замена?
@Biodevojka здраво дали би можела да ми предложиш крема или серум со хијалуронска киселина? 28 години имам после бременост лицето ми стана осетливо.
Јас ја користам Natural Moisturizing Factors + HA од The Ordinary. Имам проблематична кожа склона кон акни и знам колку е тешко да се најде добра крема за лице. Ја користам после секое миење на лицето, не е мрсна, хидрира и веднаш се впива во кожата. Исто така одговара како подлога (primer) за шминка. Ја има на BeautyBay. Пакување од 30ml чини околу 325 денари, а од 100ml 450 денари.
Многу ми е убава и мене оваа крема. Само се зезнав што го земав малото пакување, ама како за проба и тест-период ми беше супер. Поголемата туба повеќе се исплати, инаку јас си ја мешам со 2-3 капки маслото од роза на ТО и навистина ми е феноменална комбинација. Имам комбинирана кожа и одлично ми делува.
Јас ја користев потрошив 4Пакувања многу е добра.Имам комбинирана кожа со масна т-зона кремава ми беше како измислена иако на почетокот не ми се свиѓаше.Сега изгледа ми се презасити лицето од неа треба да сменам нешто да го одморам па пак ќе си ја земам.
Јас ја користев, имам ист тип на кожа како членката над мене, ама мене ми го светнуваше лицето ептен. И ја дадов на сестра ми да ја дотроши, она има суво лице и нејзе и е преубава.
Јас ја користев, одлична е. И јас како членката погоре ќе ја заменам некој период, ми се презасити кожата.
Јас не би ти ја препорачала ако имаш масна кожа. Јас ја земав поради тоа што беше доста фалена но на моево мрсно и проблематично лице воопшто не се покажа ок. Ме светнуваше за многу брзо време и ми се исфрли челото.