Имам комбинира кожа со масна т-зона. Прочитав некаде на форумов дека ја користеле како подлога за шминка и дека не светнувале воопшто по некое време, поради тоа и ја земав. Денес ставив и досега се покажа океј, не ми се измасти челото, за понатаму ќе видиме како ќе биде.
Ни мене не ми го матираше којзнае колку ама за хидратација многу е добра.Летово ја користев со еуцерин oil control 50 одозгора и топ беше.
И јас слично барам, но со заштита од сонце, барав низ темата но не можев да најдам или сум пропуштила, исто за комбинирана кожа. Моментално го користам CC кремот на Алверде, има SPF 6, во комбинација со Hipp крема за сончање со SPF 30, ми остана од летото, но сакам да најдам крема со добар состав и поголем SPF фактор.
Ја нема одамна, не можам да ја најдам, а постојано ја барам, многу ми беше погодена. Замена? Мислам дека има една со алое, ама не сум сигурна. Моментално користам крем на Балеа со Q10 и хијалуронска киселина. Ако почнат пак да ја носат оваа со лотус, без размислување пак ќе ја земам.
Дали може @Biodevojka да го види составот на оваа крема за лице? Ја користам еден месец, ми ја подготвуваат рачно. Лицето ми е стварно многу меко и мазно...
Предлог за крема.. Имам масно лице со изразени пори, но веќе треба да користам и против брчки, иако сеуште немам многу видливи
Може некоја друга да најдеме како замена. Потсети ме до која цена и за каква кожа? Извини сигурно веќе си ми кажала ама многу девојки ми пишуваат па не се сеќавам.