Јас го користев едно време, задоволна сум, едино што при крај ми се заглави пумпичката и не можев да го дотрошам до крај, но за лицето ми беше супер
Девојки ако некоја од вас ги има користено да сподели мислење која е подобра. Ја имам сенситив и супер ми е , ама ми е при крај и сега се мислам дали пак да ја земам или да ја пробам аква. Инаку имам комбинирана кожа, сува со масна т-зона.
Воопшто не ми се допадна Aqua, комбинирана кожа имам, не сум експерт за состав ама ми се чини од толку ingredients на листата, двапати алкохол и тоа прилично високо не е во ред, на осетливите делови осеќав печење, особено ако не ја размачкав доволно брзо
Ајде девојки малку асистенција Лицево ми се исуши небаре суровица. Не знам од што така. Образите и челото веќе почнаа да ми се луштат дури и ме пече. Обично земав производи за комбинирана кожа, таква и имав, сега не знам што ми стана. И ова се мислам почна од кога почнав да ставам арганово масло. И сеа не знам што да правам, што да ставам, зедов тоник од Гарниер - ништо. Зедов гел за миење лице на Нивеа - ништо. Лицево веќе ни со сапун не можам да го измијам, па дај кажувајте некој иљач, почнувајќи од сапун еве, па се натаму со ред, најбитно КРЕМА. Ништо немам ставено еве некое време, ама не ја бива бре, одам на тренинг, се правам жива вода , само со вода да се шљакам?
Пробај го гелот ultra sensitive на балеа, многу е нежен за миење, во комбинација со некоја похидратантна крема за лице
Сапун никако. Аргановото масло веројатно си го ставала на сува кожа, маслата се ставаат исклучиво на навлажнето лице. Доколку во твојот град има ДМ, земи ја колекцијата од дива роза на Алверде. Пена за миење лице можеш и розевата на Балеа, масло од дива роза и јојоба од Алверде ( 2-4 капки, нанесувај го на влажно лице) и дневен крем исто од дива роза. На почетокот можеш да ставаш од маслото по потреба и наутро доколку ти е пресушено лицето. Инаку доволно е само навечер. Исто така пиј многу вода. Ако нема ДМ во твојот град, земи некоја пена за миење за суво и чуствително лице од Нивеа, Гарниер, Афродита ( ги има во Веро, Тинекс...) и Wleda skin food крема или Eucerin 5% urea. Нив ќе ги најдеш во аптеките. Доколку не ти е проблем да потрошиш малку повеќе, dr.Haushka исто така ти е одлична опција. Ако не поминува- одма на кожен лекар.
И јас имам кожа која претерано се суши кога е поладно времето и веќе со години ја користам Себамед кремата со витамин Е, преедобра е за хидртација
За цена не памтам дали видов нешто околу 290 или 390. Јас сакам да ја земам ама да не се зезнам ми е, не сум седнала на раат да изгуглам рецензии. При крај ми е кремот па не избрзав со купување на овој. Вака набрзинка што разагледав, мислам дека има ок состав. Некоја ако ја пробала нека каже збор-два.