Имаат силикони, јас би ти рекла не. Првата декларација не се гледа баш најдобро ама видов циклопенасилоксан. а втората има диметикон. Избегни ги.
@Biodevojka Здраво. По навистина долго и безуспешно барање, би сакала да те замолам за препорака за спф крема за лице (со минерални(механички) филтри да биде спф) и секако да е био. Мојата кожа е екстремно склона кон акни и нормална до комбинирана. Ти благодарам од напред! ♡
Барај на јутјуб или инстаграм, доста е активна. Olena Beley, прочепкај ќе најдеш, ако си упорна да дознаеш се што има да каже, да ги исцрпиш информациите ќе научиш како со твојата кожа.
Ми треба совет. Каква крема anti age би препорачале за комбинирана кожа масна т зона ,нормална на останатиот дел на лицето.Наредна година полнам 30 па мислам дека е време да започнам со некаква нега. Имам две пријателки кои имаа многу лошо искуство со Хаушка кремите.Буквално од чисто лице им се направи полно со акни по месец дена користење.Затоа неа не ми ја препорачувајте , а скептик сум и за другите креми што се на природна база. @Biodevojka ако си уште на форумот ќе те замолам за совет.Каква крема за лице ми препорачуваш, за околу очите, би дала до 30е ако е навистина добра и до 50. Исто така ме интересира за нивеа кремите што мислиш ? Нивеа q10 ja користам одвреме навреме, а нивеа glow ја користам како дневна крема прајмер. Кога треба да се почне со q10 , да е е многу рано ? Истото прашање и за серуми со вит ц и ако е веќе време кој го препорачуваш? Крема за пределот околу очите ? Што мислиш за vichy anti age производите и кои би одговарале на мојата возраст и кожа ако се одлучам за нив? Пријателка на истата возраст со нормална кожа се одлучи да го проба кремот xyz smart collagen i satin naturel bio hialuronski serum , што мислиш за нив ? И уште едно прашање за eye pad , што мислиш за составот и за која возраст би одговарале ?
На прв поглед е мрсна малку, но не ми остава масен сјај воопшто, веднаш се впива, ја остава кожата премека и е ептен хидратантна. Јас имам суви образи со масна/нормална т-зона и убаво легнува на целото лице. Со правилно дозирање, кремата е 10ка.
Многу сум задоволна од оваа. Земав и крема за околу очи и серум. За сува кожа е одлична. Гледам дека имаат и линија за нормална и мешана.
Девојки дали ќе може да ми предложите некоја крема за сува кожа? Купив на Нивеа за сува кожа и искрено не ми се допадна баш. Не упива брзо и некако ми се направија мали ситни бели точки како за стискање. Сакав да пробам некоја од штандот на Белина зашто се на природна база, меѓутоа секој предлог е добредојден.
Јас сум многу задоволна од кремата за масна кожа на Конопока (од Белина), така да ако има варијанта и за сува кожа би требало да ти одговара
Е фала ти, многу ми помогна Инаку дали ќе може да ми кажеш каде има најголем избор на Веледа производи? Ако знар и некој друг нека пише слободно
Јас ја купив од ДМ Германија. Во ДМ во Мк не сум сигурна дали имаше Веледа. Провери во Космо и во подобро снабдените аптеки. Мило ми е што помогнав. Поздрав
http://eau-thermale-avene.mk/proizvodi/ Девојки искуства има ли со овие кремови моментално користам за околу очи и стварно сум задоволна