Една најобична крема. Се вика Краставица Крема и ја произведува фирмата Danai. Ја купив за едно 50тина денари по случаен избор, ми падна во око и морам да кажам дека досега сум премногу задоволна. Досега користев што уште не, од лосиони до скапи креми, што очигледно на мојата комбинирана тинејџерска кожа не и одговараше. Сега престанав да ги користам сите тие глупости, само си го мијам лицето и си ставам кремче and away I go . Ептен опширно ви објаснив и пак имам уште еден тон работи да ви кажам П.С. Извинете што не ставив сликичка ама немаше на интернет и ме мрзеше да сликам.
Препорака за крема за мрсно лице....користам Cien крема но некако ногу ми е мрсна после лицето ми свети ко лампион
Моментално од Лавера-basis sensitiv Германска фирма е,а е органска цела козметика нивна. Супер е кремата,ја купив 380 денари,со Шеа путер и органски масла.Повеќе е за сува кожа наменета. Смесата не е бела него е крем боја малце на жолто а мириса ммммм,преубаво баш на природно нешто. Повеќе ја користам како ноќна крема-ефектот е поголем.ПРЕДОБРА!
Моментално го користам кремот Aнти акне на Докторс. Е, за него важи тоа дека е ситно ама динамитно, најискрено! Убаво ми дојде и на моменталните акнички кои ги имав тука-таму, а богами и супер ми е како подлога за шминка.
Мене мајка ми понапред ми беше купила една крема vitaskan day/night и и велам нема шанса да ја користам ко јзнае каква е,али ја пробав и веќе година дена си ја користам неа,не е скапа околу 240-260 денари е секогаш ко ставам пудра кремата си ја користам ко подлога и баш ми одговара на лицето
Avène со фактор 50 за летото ја купив сега ја дотрошувам а за после ќе видиме што ќе препорачаат во аптека.