Хијалуронска киселина, тонер за лице (Алверде розов - но има алкохол, ако не ти годат продукти со алкохол не е за тебе), ружина вода (исто на Алверде во шишенце за шприцање), крема за лице (Хада Лабо моментално, претходно Виши), и масленце по потреба (тоа ружиното на Алверде, а може и rosehip oil на TO да го нарачам).
Ја земав оваа крема пред неколку месеци и сум многу задоволна . Имам осетлива, масна кожа со акни и ретко некоја крема да ми се погоди. Многу е лесна , ја ставам во тенок слој , не ми предизвикува мастење и акни , добра е сега за зимскиот период , многу добро го смирува лицето и ја ставам под пудрата на место на прајмер .
Dali alkoholot vo Alverde e od dobri ili losi alkoholi? I jas ja koristev ovaa ama me isplasija deka se uzasni radi alkoholot
Alcohol denat. е. Тој често предизвикува проблеми кај некои луѓе, особено со сува или сензитивна кожа, бидејќи дополнително ја дехидрира. И покрај тоа што пишува дека е од природно потекло (што всушност и е така), сепак ефектот врз кожата му е ист. Не знам зошто, особено Германските производители го практикуваат во составите алкохолот, еве и во Хаушка често го има и покрај тоа што важи за еден од најквалитетните органски брендови во свет. Како ужасни не би ги квалификувала општо за сите, секако треба да се биде попретпазлив со алкохол во составот и да се знае дали сопствената кожа “го поднесува” или не. Инаку доста производи на Алверде имаат убави состави и формули.
http://www.cosdna.com/eng/cosmetic_2bee355651.html Мислам дека ова е анализата на кремата на хада лабо. Се зеленее,добро е
Доколку мислиш на кремата од сликата погоре или е нешто друго или е сосема погрешно напишано. Секако состојките не соодветствуваат со тие од сликата на Medical girl. Го нема наведено силиконот воопшто, а на сметка на тоа има масло од јојоба и витамин Е, што воопшто не се застапени во декларацијата на таа крема на сликата.
За кој тип на кожа одговараат дневната и ноќната крема на Алверде ? Сеуште си задоволна , исто е и моето лице мрсно и во последно време склоно кон акни , па во потрага сум по крем , се мислам сега дали овој или тој од погоре ако одговара , гледам доста се задоволни од таа колекција .. Исто задоволна сум и од тоникот на Гарниер за осетлива кожа ако не ти е пробан , ми го освежи и смири лицето ..
Овие од роза? За сува кожа. Мене во зима дневната ми е ок, ама во лето ич не ми одговара. Ноќната ми е тешка, имам комбинирана кожа. За осетлива кожа имаат Алверде тиркизна линија. Тие се супер.
Баш разгледав сега дека се повеќе за таква кожа ништо , а овој од камилица на beautys20 добар е ? ќе ги пребарам сега и овие што ги спомна ти , може слика кои се точно ..
Да, тие со камилица и хамамелис. Ова е кремот, а ова е гел за миење Во зима мене ми е супер гелов, кремот не ми одговара. Имам комбинирана кожа, а ти имаш масна кожа. Ако ти е осетлива може да ти одговараат, ако не, барај ја Aqua линијата на Алверде, оваа Порано ми одговараше Аква колекцијата, ама веќе не.
Нормална реакција е од соната да ме печи лицето? Многу ми се влоши состојбата на лицето за една недела користење. Ми излегоа акни, кожата ненормално ми се лупи и ме пржи. Некаде прочитав дека треба да се прекине некаде дека треба да се продолжи со користење. Имал некој слично искуство?
Мислам дека мораш со соната да користиш некоја друга крема за регенерација на кожата или за сува кожа. Пример Биодерма цицабио ми ја имаа мене дадено за со Сона. Некаде прочитав дека пантенол им дале со сона.... Пробај ако не намали на преку еден ден да ја користиш. Ма да, секако исконтактирај си ја докторката за мислење. Не се знае дали ова е само првична реакција на Соната затоа што ти е јака, а лицето не ти е навикнато, или е лош ефект...
Колку дена ја користиш и како почна преку еден ден или? Мене дерматологот ми кажа првиот ден еден саат па да ја измијам ,вториот 2 саата третиот 3 ,четвртиот цела вечер,ако имам реакција да почнам од ново пак 1 саат и така,а ако немам реакција да си продолжам,јас немав никаква реакција,ама имам масно лице,ти да не имаш суво па затоа имаш реакција? Незнам стварно ама најдобро е да се консултираш со дерматологот кој ти ја препишал соната. Јас сум задоволна,мене ми се исчисти лицето,а крема не користам.
И јас имам мрсна кожа но сега ми е пресушена. Вчера ми беше шести пат што ставам од соната. Секоја вечер ставав и ја оставав не ја миев. Вечерва не ставив да ми се смири малку кожата.