Ја има во ДМ и Космо, редовната цена е околу 1200 денари, ама на попуст ја спуштаат и до кај 650-700 денари. Оваа е хидратантна, не знам дали ја има кај нас таа против брчки што е, ај да разгледам да ми текне некој предлог за таква крема па ќе пишам и ќе те тагнам.
Па има парабен, за другото не се сеќавам ама во глобала па и не е така лоша како што викаат. Далеку полоши се Биотен и останало.
Скоро во сите креми dymethicone кој е силикон им е на второ или трето место што значи дека е во поголеми количини и ги запушува порите, а со тоа може да предизвика акни. Не е толку штетен, но доколку е во помали количини.
Така, Хада Лабо на пример е на база на вода и глицерин, со сквалан. Силиконот е на последна позиција во составот колку што се сеќавам. И да ги има тие состојки, подобро е да бидат таму некаде на дното отколку целиот продукт да се базира на нив.
Pozicijata na sostojkite imam mnogu citano deka e samo mit. Dokolku e na posledna pozicija ne znaci deka nema golem efekt..
Мит не е сигурно, тоа се меѓународни стандарди (INCI) за декларирање на состојките во еден производ и секако (барем во Европа) дека има значење редоследот на самите состојки. Само состојките кои се со концентрација под 1%, можат да бидат наведени по произволен редослед. Значи состојка со концентрација од 0.5%, може да се најде на позиција пред состојка со 0.8% и сл. Можеби е така ако си читала од американски извори, кадешто и јас колку што знам не се толку строги и ригорозни самите правила на редослед на состојките како во Европа иако и нивните компании, се повеќе тежнеат да го прифаќаат Европскиот модел, од причина што Европа е важен пазар за нив и мора да се прилагодат, ако сакаат да бидат конкурентни и дозволени за продажба тука. Инаку точно, не значи дека ако некоја штетна состојка е на подолните позиции, дека е безбедна. Но, во случај да ја има и да се користи, нормално дека е подобро да е на пониска позиција.
Јас сум многу задоволна од таа поназад што ја имам ставено на Зиаја. Не се сеќавам точно на цената бидејќи ја начекав на попуст, али е околу 300 ден.
луѓе хелп. кожата ми е моментално многу сува, како никогаш порано. мислам дека ми е од кремот за акни. затоа, ми треба добар крем за сува кожа но што нема да ми прави акни. читав тука за алверде таа со роза но во состав има shea butter и во гоогле пишуваше дека тоа предизвикува акни, па стварно не знам веќе..i need your help. кој крем да купам за сува кожа?
Оваа е 400 ден во Зегин,алоето има смирувачки ефект би требало да ти одговара.Внимавај и на другите производи за лице,знаат и гелови,сапуни да го пресушуваат.Јас за акни користам масло од Чајно дрво на Еси исто од Зегин.
И јас го имам истиот проблем, имам сува кожа склона кон акни, препаратите против акни дополнително ми го сушат лицето, а имам проблем во пронаоѓање хидратантна крема бидејќи речиси сите ме исфрлаат. Нај ефикасно ми се покажа чистото масло од јојоба, го земав од Био космос околу 350 ден. и што е најважно не ми предизвикуваше акни, сега го користам маслото од роза на Алверде мислам дека има јојоба во составот, ова ми е уште поубаво и по хидратантно. Ја користев и кремата од роза на Алверде, мене не ми создаде акни, ми ја омекнуваше кожата но по некое време чувствував затегање, па не ја купив повторно. Ти ја препорачувам Bioderma Sensibio Rich, малку е поскапа но е наменета за осетлива сува кожа. Исто и Sensibio Light од истиот бренд ми е супер.
За кој производ те интересира цена? Поради тоа што се доста хидратантни и се наменети за сува кожа, ниеден од производите нема мат ефект.
Откако залади замена за крема за лице ми е шеа путер. Претходно го користев пред спиење, сега поради ладното кожата некако посува ми станува и ми дојде одлична за кожата. Шеа путер ми е на прво место за лице, откако го открив не би го менувала. Кожата ми е помека, мазна, без акни, претходно не дека имав нешто претходно, ама сепак се приметува разлика со секојдневна употреба, за тие со сува кожа би бил идеален.