Здраво. Од читање тука, ја купив кремот со алое вера на Fleurance но не знам зошто лицето ме чеша... до сега од ниеден крем не сум имала ваква реакција. Ќе престанам со користење па сакав да ве прашам за предлог за хидрантен крем за сува кожа со акни. Цена до 1000 ден. Фала однапред.
@barba12 Не е матирачка , ниту мрсна , не е геласта туку баш како крема. Иако имам мрсно лице , вакви креми многу ми одговараат. Ако имаш суви делови на лицето ги хидрира , а веднаш се впива , не е воопшто мрсна.
@Doozy @Mishela Ај ако може of the top of your head да ми препорачате фејв креми за лице што можам лесно да ги најдам тука кај нас а се добри за хидратација. Кожава ми плаче, Себа мед гел кремата не ми е доволен, ми треба нешто итно да помогне. Комбинирана кожа имам
Weleda skin food light верзијата. Топ е. Ја има само низ аптеки, не памтам мојата од кај е, можеби Виола не знам...не се сеќавам ни на цената, од септември-октомври ми е купена ама одлична е.
Хада лабо мене ми е супер. Ама без тоникот и хијалуронската не верувам дека ќе го имав овој ефект. Прво зимо без лупешки да поминам, со нормална кожа И Веледата мислам дека е супер
Јас лично немам користено, мислам @Mishela или @Oxymoron имаат. Ама гледам ја фалата Веледа рич, баш за сува кожа. @x.Daisy.x заборавив сабајле да ти кажам. Ако ти е комбинирана кожата, најчесто не ти е добро хидрирана. Јас имав комбинирана кожа што ја доведов до сосема нормална. Не ми светнува, не ми се мрси, немам пори... баш фино сјае. Само хидратација мавај, убаци некое серумче и плус добра крема, ќе се препородиш.
Па генерално Веледа се за сува кожа. Обичната е побогата, потешка (потешка се однесува на тоа дека кремата не е воопшто за под шминка, ниту пак е погодна за друг тип на кожа освен сува, не дека е тешка на лице затоа што воопшто не е), баш крема за сува кожа. Другата е лајт верзија, односно изменета полесна формула која е хидратантна но одговара на секаков тип на кожа.
Не знаеш колку ми е криво што не ја купив кога беше сега на попуст. А ја гледав, и викам ај да не фрлам пари не ми треба. Сега се мислам што да правам. Инаку имам хијалурон на ординери така да мислам за тоа сум покриена. Кремава нешто не ми прави мерак, односно надвор е многу ладно очигледно. Фала ви девојки <3
Девојки,задоволни сте од кремите за лице Конопка? Која крема би ми ја препорачале за комбинирана кожа со одредени суви делови? Ги гледав овие две
Јас како што имам и веќе пишано тука, ја имам зелената (за мрсна кожа) и сум доста задоволна. Овие две ги немам користено, но според описот, јас би рекла дека погодна треба да ти биде првата (портокаловата). Мислам дека и според состојките што ги има, дека треба да е похидратантна од другата.
Козметиката на Хада Лабо дефинитивно не е за мене. Навлажнувачот и така и така, ама кремот не. Не ми одговара. Дава хидратација, не дека не, ама за кратко време после нанесувањето на кремот лицето ми станува лепливо, како маска да имам на него, дури ми е грозно да си го допрам. Во план ми е следно да ги пробам кремите на Конопка, оти не сакам лицето да си го мачам со тешки хемии.
ako go tapkas nekolku min prestanuav da bide leplivo i stanuva mazno, jas so maskite se utepuvam tapkanje ama posle e super
Не ми одговара во ниеден случај. Немам проблеми со кожата, ама пак не би ја купила. Секако преферирам поприродна козметика. Решив целосно да се префрлам на производи со назнака био и органско, не само за лице, туку и за се' друго.