Бекутан Малку е масен, но кога ставам помала количина е одличен за мојата кожа, а и мирисот е доста прифатлив.
Долго време бев верна на витаскин но ми стана мрсна во последно време иако користев соодветна на кожата сепак имав многу проширени пори, сега ја користам оваа и ми се погоди убаво, проширените пори ми се намалија, не не исчезнаа сите, но сепак ги има помалку.
Мислам дека имам спомнато во темава, истава крема ја користам, ми се допаѓа што не е мрсна, се впива брзо на кожата, имам видено и други од истава крема, се мислам дали да сменам или не, прибидејки оваа долго време ја користам, а другите незнам какви се, дали се добри
И јас ја имав користено кремава порано и беше одлична, поприлично позитивно ме изненади!!! А, и цената е многу прифатлива. Ама, сум приврзаник кон Афродита, сепак.
Имам пробано веќе е знам што се од креми,ама ниту една не ми одговара бе луѓе,или не ми помага за сувите делови,или премногу ми го мрси челото.Катастрофа не знам веќе што да купам.Моментално имам бекутанче.
Од неодамна го користам хидратантниот крем на SebaMed,медицинска козметика со P.H 5.5,прилично сум задоволна,лесно и брзо се впива во кожата и не остава мрсен траг,а лицето го прави меко.Го има само по аптеките,го купив од Зегин 654 денари. Кремот е наменет за осетлива и нормална кожа,а може и за нормална до масна.
Вчера си купив Бекутанче ! Јааа обожавам Лицето ми како бебешко гаценце Со пудра и руменило - лице како стакло
Моментално користам крема од камилица од линијата Naturals на Avon. Ама сега ја меркам таа од мед и млеко, многу убаво ми мириса
Моментално Нивеа. Многу сум задоволна од неа! Кожата ја прави мека а имам забележано и дека акните се смалуват
Презадоволна сум од кремава, ја зедов случајно ми требаше нешто хидратантно, но не мрсно. Се двоумев меѓу Nivea aqua sensation и оваа. Поради значително помалата цена, оваа победи, не бев при пари во моментот. Сепак добар избор сум направила, закон е кремата и не планирам да ја менувам.
бебешка козметика ...името ка=ува дека е за бебиња, не е за возрасна кожа затоа што многу состојки кои и требаат на возрасната кожа ги нема..едноставно е за бебиња не е за возрасни
Афродита крема од бадем за сува кожа .Сега прв пат ја користам по препорака од другарка ми и стварно е добра