Во аптеките на ZEGIN, на пазарите кај тезгите за козметика (Буњаковец, Зелен пазар, Бит пазар) и во некои од маркетите на штандот за козметика - креми. Чинат некои 70-80 денари отприлика. Секоја крема си има своја намена. Од таа серија, хидтарантна е кремата од краставица со зелено кутивче е пишува на Бугарски КРАСТАВИШЕН крем хидраташ. Слика има со сецкани краставчиња.
Девојки дали некој ја има користено дневната крема на нивеа Q10plus Anti-Wrinkle ? Јас си ја купив ама од кога ќе ставам ми се лупи лицето жими се како рѓа да ми вади
Мене ми ја препорачаа Eucerin AntiRedness, со заштитен фактор СПФ 25, па чекам плата да си ја земам, еве ја: https://int.eucerin.com/products/hypersensitive-skin/antiredness-soothing-care
Мислам дека кремата што си прикачила слика не е со спф, друга е кремата со фактор https://int.eucerin.com/products/hypersensitive-skin/antiredness-concealing-day-care-spf-25
Збунка моја е, прво таа крема ја најдов, а после ми текна дека таа што ми ја препорачаа беше со СПФ фактор и ја најдов, но ми останал копиран првиот линк.
Кремата "Здраве" но не таа со цинк оксид, туку во бело кутивче е пишува на неа на Бугарски Хидраташ крем за лице.
Баш сега го отворив да видам состојки што има и е преполнет со мириси, пола од состојките му се мириси и парфеми, тоа не ми се допаѓа, моментално користам bioten 24h moisturizing creme ама ми треба некоја fragrance free крема, сакав да ја земам Urtekram No Perfume Cream, но ми е многу скапа, бидејки таа е перфектна без мириси, без алкохол, само хидрира, ама 600 ден ми е многу. Па ако има некој друг предлог ве молам да ми препорачате.
Во ДМ На Балеа сигурно ќе ја најдеш, а во ДМ носат и на Зиаја само не знам дали конкретно оваа ја имаат. Јас ја купувам од нивните продавници бидејќи често имаат попусти.