Таа superdefense на 24 годишна возраст ја користев прв пат, кремата може да се користи од 20+ , ама ти си тука близу па мислам не би требало да имаш проблем. Инаку таа крема е со спф па така да можеш да ја користиш само преку ден. Од истата линија има и ноќна, и таа ја имам користено Другиве креми на Клиник (таа розевата грластата и жолтата ) немаат спф па можрш и пред спиење да ги користиш.
@Katie90 Гледам се разбираш од овие работи. Сакам да ми препорачаш некоја хидратантна крема, не мора кој знае каква така за по дома секако додека е кризава не излегувам. Откако сум дома ептен се запустив бев на козметичар ептен ми се оправи лицето сега повторно се исфрлав со акни црвенило? Инаку имам 25 години. Дали нивеа се добри да не го исфрлат лицето. Лицето овој период ми се многу исфрли со акни. И колку е цената од прилика За каква кожа е. И колку чини?
Мене баш таа ми го исфрли лицето. И ја дадов на сестра ми и истиот проблем го имаше, а баш чисто лице има. Имаат многу алкохол и мириси и најверојатно поради тоа. Исто и таа за мрсна кожа воопшто не ми се допадна.
Искуство со некоја од која си задоволна јас имам комбинирама кожа и сега моментално исфрлана со акни?
Моментално ги користам дневната и ноќната на Зиаја сензитив, а навечер ставам Сона крема за акните, па врз неа оваа. До сега единствени што ми се погодиле. Дневната е плус со спф 20. Ако не се решиш за овие, види ги на Биодерма ги препорачуваат тука, сенсибио мислам, така нешто се викаше.
Ја имам користено биодерма козметичарката ми препорачуваше. Да мине кризата со вирусот ќе одам повторно, бидејќи има многу врсти спред состојбата ќе ми каже која да ја земам. Но, сега бидејќи никаде не излегувам сакам поевтина варијанта, но тие Зиаја ги нема секаде на пример во Дм не сум ги сретнала, не сум од Скопје, во зегин имали ги? Само ги имам обичните Зиаја сретнато моментално ја имам со краставица. Може слика од тие што викаш, и немаат алкохол и некои штетни материи?
Како што читам во составов не, но тука можеби не се сите состојки туку само активните. Јас ги купувам во нивните продавници, а видов сега имаат и достава. На друго место не сум ги сретнала за жал.
@Amelia Бидејќи те заинтересира составот за кремите на Зиаја од сликата погоре што ја поставила Еленче93, ти праќам скриншот. Може не содржат силикони, ама има доста парабени (ајде парабените се конзерванс па не е страшно, се користат за да не се расипе еден производ) туку не знам што им е во секој производ Зиаја го користат DMDM hydatoin што значи дека ова испушта формалдехид , а таа состојка е доста штетна т.р канцерогена. Значи милион пати да има повеќе силикони отколку оваа материја..
Благодарам за исцрпниот одговор. Гледам се разбираш од состојките на кремите, па дали би можела да ми препорачаш некоја крема за хидратација како што пишав погоре сега како што сум дома ептен се запоставив и лицето повторно ми се исфрли со акни и малку црвенило.
@Amelia читам имаме ист тип на кожа , јас сум презадоволна од Melissa кремата на Др.Хаушка, кремата е наменета за комбинирана до мрсна кожа , не е масна кремата , не е мат , ама воедно ја хидратира таму каде што е потребно. Секогаш кога одам за Мк ја купувам. Ја има по аптеките во Зегин и Еурофарм. За акните најважно е да го знаеш причинителот. Не сум те читала претходно , дали си испитувала хормони? Фала ти за убавите зборови ама следејќи ја @Biodevojka , научив доста од нејзините мислења на форумов.
Дали е ова добар состав ? Некој шо се разбира Water, Aloe Barbadensis Leaf Gel, Propylene Glycol, Glycerin, Sorbitol, Panthenol, Sodium Hyaluronate, Allantoin, Sodium Carbomer, Sodium Citrate, Phenoxyethanol, Sorbic Acid.
@Amelia Јас моментално ја користам кремата на vichy normaderm 24h feuchtigkeitspflege и сум презадоволна.Ги намалува црвенилата од акните , не ја масти кожата но сепак ја хидрира.Се користи и како primer под шминка.Ја користам во комбинација со серумот vichy mineral 89 за дополнителна хидратација. Директно на акни сум ставала од кремата здраве бугарска крема во сино пакување под 100ден е со цинк е кремата и ми има помогнато. Од кремите на нивеа имам тука и порано пишано ја имам користено nivea glow наменета е за сува и осетлива кожа.Кога ќе ставиш од оваа крема имаш чувство како да си се измил со ладна вода.Преубава крема и знам дека беше ефтина. За состојките на кремите не знам да ти кажам нешто повеќе затоа што немам многу познавање од таа тема повеќе имам читано за антиејџинг состојките.
Претходно го користев крем-гелот од Алверде, текстура супер, хидрира, освежува, ама многу интензивен мирис ми имаше. Пред некој ден во брзање го земав овој на Балеа, дневен крем со спф 15, хидрира, доста е кремаст, доволно е минимална количина (колку зрно грашок) за цело лице, не лепи, се впива веднаш и што ми е најважно има попријатен мирис од оној претходниот на Алверде. Цената е околу 180 денари.
Не сум некој експерт, но бидејќи имам проблематична кожа имам пробано разни креми ќе ти пишам мое искуство. Мене лично овој состав многу ми одговара (имам комбинирана накај мрсна кожа склона акни). Веќе 2 години константно го користам Себамед Clear face care gel-от кој го има овој состав и лицево ми е во многу подобра состојба од претходно. Не планирам да го менувам во скоро време.