Јас ја имам користено колекцијата од Novage (Oriflame) и сметам дека е супер пред тоа бев да ми ја тестирет кожата и ми ја препорачаа неја од таа колекција моето лице се направи сосема чисто ја користам веќе 3 години Аку ве интересира нешто повеќе пишете приватен
На кој крем-гел од Алверде мислиш, и дали остава мрсно и лепливо? Јас барам нешто сличен гел крем што дава освежувачко чувство со лесна текстура.
Имам нормална кожа, сосем малку е потребно да се нанесе, но се впива како и да е. Не остава ни бели траги, ни леплив слој, а ја нанесувам после миење на лице со гел/тоник и исушена кожата со пешкир. Мене само мирисот ми пречеше.
Мене па ич не ми беше погодена, а имам комбинирана кожа. Оставаше чуден слој како да не се впиваше целосно, како да имаше филм на лицето што се вади само со миење, чудно чувство. Порано ја користев, ми беше добра, ама мислам дека нешто имаат сменето во составот.
Дали би ја препорачале кремава за користење? Имам нормална кожа и 23 години.. ме буни тоа што има Q10.. kattzia ја препорачува многу и кажа дека е добра за над 19 години ама сепак не знам.. И хујалуронска има во неа што е плус И ме интересира дали ако се користи кремава има потреба од дополнителна доза на хијалуронска(пр the ordinary)
Некој да ја има користено ноќнава крема? Дали го масти лицето? Порано ја користев Sophora japonica ноќната, ама па тогаш бев 26-27 години. Сега сум 30 , па викам оваа да ја пробам..
Јас го имав користено, доколку користиш мала количина е ок , ама маснотијата не ја регулира во никој случај
Против брчки е и мислам дека не е баш прикладна.Би ти ја препорачала од истава линија кремата што е со уреа,јас имам 24 години,ја користам веќе некое време и преубава е,не го мрси лицето а убаво хидрира,се користи сабајле и навечер. Еве ја
Хидратантен крем на Fleurance nature од алое вера дали го има во Зегин? @MissChievous @Mishela На вас две се сетив, вие зборевте за него.