Девојки не можам да се одлучам меѓу кремиве,комбинирана ми е кожата но повеќе ми е мрсна бидејќи повеќе време сум во затворен простор. Првата мислам јас,но и втората не е лоша на база на вода имаше многу убави рецензии на неа. Исто од оваа крема има и заштитна крема за сонце со спф 25
Знам Ким ама тешко да најдам нешто органско,сакам и Витамин ц да земам ама чисто сумњам дека е скроз чист. А за тоник за чистење лице сега ќе прогуглам.
Оваа е многу фалена,во мк ја нема па не можам да ја купам ама сигурно во Малта имате многу избор за козметика. Оваа ја има во мк,мн на форумов ја користат и јас исто и ми се допаѓа не сум приметила да ме исфрла или нешто
Составот е со многу комедогени состојки - да не ги редам сите по име, ама првата половина на листата се високо комедогени. Веројатно повеќе би одговарала за користење на било каде освен на лице, инаку можи да ти предизвика црнки и мозолки, иако ти е нормална и сува....Ако ништо друго можиш да пробаш неколку пати, па ќе видиш како ќе ти реагира кожата.
Ja koristev samo dva dena na sabajle i navecer i vekje posle 4 koristenje navistina vidov zgolemen broj na crnki na nosot iako Prethodno nemav tolku mnogu i prestanav da ja stavam. Ti blagodaram mnogu na odgovorot.
Ви ја препорачувам дневната крема од Gerovital со Hyaluron i Vit C, многу е лесна, хидратантна е, и веднаш се размачкува и упива на лицето. За секојдневна употреба е. Додатно плус anti-wrinkle е,
Дали можи да ми препорачате крема за добра хидратација, имам комбинирана кожа на лицето, сува со мрсна Т зона. Се мислам за некоја кремите на лореал или нивеа. Фала
Препорачајте ми некоја органска крема од Fleurance или Hauschka за комбинирана чувствителна младешка кожа. Дали е оваа во ред за кожа во рани дваесетти?
Не е лоша. Не остава лепливо чувство, бар не кај мене, а комбинирана кожа имам. Мене лично од Балеа таа со екстракт од лотус ми е најубава.
Каде се поефтини кремите на Биодерма? Дерматологот ми ја препорача оваа, па да знам каде да ја барам.
Биодерма би требало да ги има во сите подобро снабдени аптеки, јас обично купувам од Дна Ани Фарм Капитол. Инаку ја користам баш оваа крема неколку месеци и засега ми е одлична