Ако бараш органска козметика, разгледај ги колекциите на Sukin. Ги има на lookfantastic. А за проблематична кожа може да ги видиш Some by Mi. Има travel size сетови за проба. Првите се австралиски бренд, 100% природна козметика. Вториов бренд е корејски. Има многу добри критики за AHA, BHA, PHA колекцијата.
Па ја најдов зимата последно, веќе ја потрошив. Не сум ја побарала во ДМ последно, имам залихи од други креми, да ги потрошам, па ќе видам понатака.
Хмм, би ти препочала да ја заследиш Kattzia на инстаграм дава предобри совети и Biodevojka, Biodevojka можеш да ја најдеш и тука на форумов има и нејзина книга со домашни рецепти. Книгата ја имам и е совршено средена предобри совети може да се најде кај двете девојки. Моја препорака е кремата од полжав на green master, ја користам за акни и флеки на грбот, сега за сега е супер.. не знам каква кожа имаш за други креми да ти кажам.
Јас имам многу сува кожа. Овој го зедов пред неколку дена и е страшно добар. Од аптека кошта околу 800 денари.
Моментално само пантенол крем. Некако со самото користење СПФ на дневна база, ги подзаборавив кремиве. Навечер ја користам од време на време water sleeping mask од Laneige и тоа е тоа. Претходно ја користев од Биодерма таа со зелено капаче и Avene Cleanance K , но сега сакам да се префрлам на нешто друго. Ја меркав оваа погоре од Revuelle. За каква кожа е и цената која и е? Јас имам нормална, на периоди комбинирана, може и препораки за други.
Здраво, дали може да ми предложите дневна крема за лице, за нормална до масна кожа, склона кон акни и да не останува масна, односно да се впива? По можност некоја со пониска цена
Здраво дали може да ми предложите некоја крема за лице. По можност со природни состојки. Имам комбинирана кожа. И каква и крема да ставам ми излегуваат акни и ми се полнат порите.акога не ставам никаква крема лицето ми е дехидрирано.Ми треба некоја за хидратација
Види ги на Биодерма себиум линијата. Мене дерматологот ми ја препорача себиум сензитив, но уште не сум ја купила бидејќи користам една на Еуцерин.
Производите на Биодерма не се природни @M_a_Y_a моја препорака на Natura siberica Sophora japonica или Dr.Hauschka Melissa.
Девојки, што мислите кој е подобар од дневните креми, доколку некоја ги пробала нека сподели искуство. И за тој со заштитен фактор 15ка ме интересира доколку знаете дали мора дополнително да се користи друг заштитен фактор дали мешањето би можело да направи проблем?
Најпрво, колку години имаш? Q10 најчесто потсеќа на анти ејџ. Второ, 15ка фактор не заштитува, секако дека треба СПФ плус над оваа крема. Мислам дека обичнава би бил подобар избор
Q10 е буквално меѓу последните состојки во кремава, така да ама баш никаква улога не игра за анти ејџ, ставено им е од маркетиншки цели изгледа. Инаку, СПФ 15 е ништо за заштита од сонце. Дефинитивно мораш да ставиш од горе нешто со фактор поголем од 30. Мене лично ни двете не ми одговараат, ама ако морам да бирам би ја одбрала втората.