Здраво. Ме интересира совет дали е добар составот на оваа крема. Во поладните денови ја користев како дневна крема, но брзо ми светнуваше лицето, па сега ја нанесувам навечер пред спиење на чисто лице. Мене вака добро ми делува, наутро лицето ми е мазно и доволно хидрирано, баш како што сакам. Спојлер
Нема лош состав, ама има алкохол, парфеми, и гликол, тоа не ја прави природна, сеа не знам за која крема се работи, ако сакаш пушти слика. Не сите алкохоли се штетни, ама некои можат да доведат до иритации и црвенила.
За оваа крема се работи. Видов дека има доста алкохол, но мене ми нема направено никакви иритации до сега. Спојлер
Јас јс користам првата, и ми е супер, без мириси е, што мене ми е битно. Секако ставај и крема со СПФ 30 или 50, преку ден.
Во план ми е да ја купам таа од Revuele. За каква кожа е? Брзо се упива? Ми треба некоја од која нема да ми свети лицето
Лесна текстура има, многу е лесна, како да не си ставил ништо, јас ја користам навечер после серум. Истава линија има и серум и маска и скраб, кои се исто така многу добри. Без силикони, парабени, парфеми...
Ги имам серумот за хидратација и маската, одлични се. Значи дефинитивно ќе ја купам и кремава Фалаа тии
Cetyl alcohol, stearyl alchohol и cetearyl alcohol се добри алкохоли кои не ја сушат кожата, туку ја задржуваат влажноста, ако те загрижуваат тие состојки конкретно. Јас ја користсм веќе две недели, одлична дневна крема. Имам комбинирана кожа со масна т-зона и оваа одлично ми прилега. Една од ретките кои не ми оставаат мрсен слој на лицето. Лесно се впива и е погодна за под шминка.
спф кремите не треба да се мешаат со други креми, бидејќи така се разредуваат и им се намалува заштитата за околу пет пати, што значи дека ако разредиме спф 50 на крај би добиле заштита 10. Прво се нанесува спф, па кремата која што ја користите. Исто и кога се шминкате, прво нанесувате спф па продолжувате со шминка. Се надевам ви помогнав.
Супер информација! Не сум знаела дека првин треба спф па потоа крем што значи до сега погрешно сум нанесувала првин крем па потоа спф, фала многу
Сакав да кажам дека не треба да се мешаат туку прво едното па другото. Не мислам дека е грешка тоа што сте ставале прво обична крема.
Всушност СПФ се нанесува по кремот за лице. Намалувањето на заштитата настанува со начинот коj го предложуваш. Нанесувањето крема е препорачливо, особено доколку се користи СПФ кој во состав има титаниум диоксид и цинк оксид бидејќи истите може да предизвикаат сувост. Меѓутоа прво кремата. Сѐ додека СПФ-от е во течна форма, се нанесува крема-СПФ-шминка. Доколку СПФ-от е во прав, тогаш крема-шминка-СПФ. https://www.paulaschoice.com/expert-advice/skincare-advice/sun-care/how-to-apply-sunscreen.html На линков е објаснето подетално.
Да ми препорачате ноќна крема/серум. Комбинирана кожа имам, средни 20сети. Нешто од ДМ што може да се купи
Здраво девојки, дали може да ми препорачате дневна крема за нормална кожа, склона кон акни, да може да се купи од ДМ?