Ја пробав маската со хијалурон на Hada Labo, ми се допадна, дали хидратантата крема е добра подлога за шминка и соодветна за комбинирана кожа?
Имам комбинирана кожа и супер ми одговара кремава и за нега и како подлога, ама ретко ја користам под пудра.
Пред 10тина години имав една преубава хидратантна лесна крема. Бела боја. А пакувањето беше стаклено, прозирно и доле беше потесна кутијата па нагоре се зголемуваше, мало пакување и плаво капаче. Дали некому можеби би му текнало? Пробав да ја најдам на интернет ама не успеав. Премногу ми одговараше не знам како ја изумив. Мн убаво мирисаше.
Ева случајно да не го купи серумот во меѓувреме? Би сакала да пробам нешто од Конопка. Се мислам за серумов, сакам малку повеќе да се посветам на хидратација на кожата, во последно време некако не ми изгледа „енергично сјајна“. Може да ми препорачате и нешто друго од кое сте задоволни, за сува, чувствителна кожа. Благодарам Спојлер Моментално го користам млекото од бадем за миење на лицето од Веледа, кремата за хидратација од истата линија, тоник на Др. Хаушка, и масло од бадем како серум. Било каква препорака за производ за поголема хидратација и сјај на кожата би ми била добредојдена.
Не, некако не се убедив, иако читав и доста задоволни тука, можеби и ниската цена влијае на тоа да добива плус поени. P.S. Пробај ја оваа ако ја има кај нас...мислам во Космо имаше Лавера. Наменета е за сува и сензитивна кожа.
Ти благодарам! За жал не сум во Мк, и Лавера не ми се многу достапни тука. Овде до сега имам сретнато Др.Хаушка, Др.Органик, Веледа, Конопка, Еко козметикс... Сигурно има и други што се со добар состав, но не сум стигнала да истражам толку. Кога сме веќе кај тоа,гледам дека имаш познавање на таа тема, па доколку имаш некој предлог за бренд/козметичка линија која вклучува производи со убав состав, а е достапна низ ЕУ, те замолувам да ми кажеш, или пиши ми ЛП. Благодарам уште еднаш.
Јас речиси секогаш си купувам од ecco-verde, освен ако не сакам да го пробам производот пред да го купам. Тука во Германија понекогаш ми стигнува пратката и утредента. https://www.ecco-verde.com/ Еве ти ја страната на англиски, инаку се работи за Австриски сајт, кој веќе се распространува низ цела ЕУ и кој колку што знам врши достава насекаде. Имаат производи на сајтот за сечиј џеб (од 5€ до 200€), а што е најважно скоро сите производи им се сертифицирани природни или органски. И доколку немаат сертификат, самите вработени од сајтот го проверуваат составот дали ги задоволува нивните критериуми, пред да се објават производите. Значи што и да одбереш од ecco-verde, барем што се однесува до составот, не можеш да згрешиш.
Да ми предложите крема за чуствителна кожа со константно црвенило на неа? Во средни 20ти години сум. Пробав разни кремчиња од ДМ си изнададов еден куп пари за креми и за серуми секакви чуда.. nothing helps. По можност со СПФ.