Јас прво сакам да ви кажам едно големо фала на сите тука што споделувате искуства и препорачувате креми, ве читам години наназад па дури сега решив да ви се придружам Многу од производите споменати тука ми помогнаа во врска со лицето и сега дури пред да купам било што секогаш си викам чекај да видиме дали фемина approves . На кратко, имам чисто лице, многу ретко се случува да ми се исфрли и тоа пред добивање само или ако се занесам со лоша исхрана, ама најголем проблем ми беше што која крема и да ја ставев на лице веднаш ми се појавуваа црвени точки како внатрешни кои после пола саат ги снемуваше. Пробав милион креми, од поскапи до најевтини (биодерма, ла роше, неутрогена, виши итн. до овие кои често се спомнуваат на форумов како fleurance и dr.hauschka (кои беа меѓу ретките кои колку толку ми го смирија лицето). Кремата што всушност ми помогна беше од Simple, ми ги донесе другарка од Америка. Кај нас ги нема, ама може да се нарачаат онлајн. Доколку сака некој да си погледне еве ви линк https://www.simpleskincare.com/us/en Потоа се префрлив на Еуцерин, па последно што купив беше на Веледа, секако бидејќи прочитав добри препораки тука и не згрешив. И низ целиот тој процес додека си го средам лицето, сфатив дека некогаш не е решението во поскапи креми или повеќе производи, sometimes less is more. Денес, thanks to you guys и на ТО и разбирање дека ништо нема да се смени од денес за утре, туку треба трпение да се види разлика можам да кажам дека лицето никогаш не ми изгледало подобро. Извинете на долгиот пост и фала ви уште еднаш♡
Здраво Дали може да ми препорачате крема за лице што содржи хијалурон ама со добар состав? Ако воопшто постои такво нешто, таа комбинација Фала ви
@Kimberly11 во некоја тема видов користиш пантенол од дм, на лице го ставаш или за друга намена ти е?
За лице цел живот користам пантенол крема,користев една друга пред да ја купам таа од дм и ептен ми се погоди новава предобра е Пробај ја нема штета
Океј е вака гледано. Многу хидрира што за мојава сува кожа е спас. Ама сепак не ми го дава ефектот што го сакам од крема за лице Сум користела други од кои сум била презадоволна, ама надминуваат буџет за редовно користење
Ја зедов денеска и одма ја пробав, имам мрсна кожа ама со салицилната ми се среди значи сега пантенолот супер ми дојде. Ти благодарам
Не можам да се одлучам помеѓу Bioderma sebium global и Bioderma sebium sensitive. Која е разликата? Моментално сум на Роакутан и кожата ми е нормална, акни веќе немам, само доста флеки, но сакам да ја држам под контрола. Кога излегувам ја користам и Sun dance med spf 50 sensitive.
Мене од Sebium Global многу ме печеше лицето, а од оваа Sensitive немам поплаки. Штом си на Роакутан терапија не ни смееш премногу да ставаш све и свашта, ама кога бираш помеѓу обичен и Sensitive крем, најдобро ти е Sensitive. Бидејќи од Роакутанот и те како ти е чувствителна кожата. А, пошо роакутанот ја суши кожата, јас дури и би ти препорачала некоја по хидратантна крема, барем навечер за "пред спиење" рутина. Sebium е за мрсна кожа и затоа не верувам дека доволно ја хидрира. Neutrogena Hydro Boost исто ти е добра хидратантна крема што е наменета и за масна кожа.
Дали некој ја пробал оваа дневна крема од балеа, дали е добра за хидратација, да не ја остава масна кожата, искуства? И колку е цената кај нас?
Лесна е , одговара кога е ладно пример зима за масна кожа инаку за летен период за масна и комбинирана кожа не ми е баш добра , остава масно барем кај мене .
Препорачајте крема за лице (ноќна), лесна, што не ја мрси кожата. Не го сакам тоа чувство на мрснотија кога легнувам да спијам. Некоја што брзо апсорбира и дава чувство како кремите за раце Neutrogena, Арома бугарската итн.