Го пробав кремчево за лице со алое вера на babylove, многу убаво се размачкува, лесна структура веднаш се впива, а и составот не е лош.
https://www.uriage.com/AA/en/products/hyseac-mat Каде во Скопје можам да најдам тестер од оваа крема?
Ми треба предлог за крема со добар состав за комбинирана кожа, ве замолувам да ми посочите некоја, последно користев на Fleurance со алое ама како да ми се презасити кожата.
Препорака ваша за крема за зацврстување на лицето (имам 27 год.), не хидратантна туку со колаген, еластин таква сакам ама не знам која е најдобра. Помислив оваа од Еуцерин Хиларионската али она е од 35+, осеќам кожата ми е опуштена некако па сакам малку да ја затегнам, помагајте која крема ?
Втората состојка е алкохол, тоа значи дека алкохолот е втор по ред по количина во кремава. Алкохолот е многу иритантен и предизвикува испарување на водата. Целта е да ја хидрира или суши кожата? Избегни ја оваа крема.. Јас ја имам кремава, состојките се многу добри, и не предизвикува запушување на порите (затоа и ја купив, ми се допаднаа состојките), но остава многу јак бел филм и ненормален сјај на кожата. Ја користам само ако се сончам, не и за секојдневни активности.
Гледам дека се разбираш од состојки во креми. Моментално ги користам дневната и ноќната крема од Uriage age protect линијата. Ако сакаш и ако не ти е тешко, може ли да ми кажеш дали се добри состојките во кремите: https://www.uriage.com/AA/en/products/age-protect-multi-action-fluid-spf30 https://www.uriage.com/AA/en/products/multi-action-detox-night-cream
Не сум експерт и дефинитивно не тврдам дека знам сé за состојките. Тоа ми е хоби, во слободно време читам за различни состојки во skincare. That being said, секогаш избегнувам креми/серуми/тоници кои содржат алкохол и парфем(може да е пишано како fragrance или есенцијални масла). Двете се многу иритирачки за кожата, и ако не гледаш/осеќаш промени сега, дефинитивно ќе се јави понатаму во иднина. На некои(многу) луѓе не им сметаат тие состојки во продуктите кои ги користат, но лично јас не користам ништо што ги содржи, а МНОГУ е тешко да се најдат добри продукти без нив, а да се лесно достапни за нас у МК. За првата крема, нема алкохол, би рекол дека е воглавно фокусирана на заштита од сонцето, затоа што по водата 4те состојки се СПФ, 6тата и 7мата состојка се да и дадат по-мат финиш на кремата, дури потоа идат Propanediol и Glycerin, кои се за хидратација на кожата. Глицеринот е подобрата од двете (ако не и најдобрата за хидратација) и ја има у речиси секоја хидратантна крема. Следната состојка е силикон, кој што не мора да значи дека е лоша работа, ствара бариера на заштита да остане водата во кожата. И да скратам, да не пишувам за секоја посебно, лошото е што содржи парфем, и содржи еден вид на ретинол кој што нема многу истражување позади него за тоа дали е корисен или не. Втората крема има многу добри состојки, само ми е чидно зошто Dimethicone, кој е силикон, е третата состојка, значи многу висока концентрација. Скволенот, Shea butter-от, Хијалуронитот, и уште неколку други се супер состојки. И оваа ја содржи истата форма на реринол како и првата. Лошото е пак парфемот. Како што можам да видам, првава крема се фокусира да заштити од сонцето преку ден а вторава да ја хидрира кожата преку ноќ. Но кожата треба да е хидрирана и преку денот. Не се толку лоши, ако ти одговараат на тебе продолжи да ги користиш. Која цена се? Прашувам за да видам дали би можела да најдеш поевтина а подобра алтернатива. Јас лично користам нешто корејска козметика и продукти на The Ordinary, нарачани од Британија.
199ден е, и не остава бела боја на лицето брзо се впива. Јас не користам шминка овој период па не знам како ке изгледа под пудра
Полека и станувам голем фан на Натура Сиберика, овој пат ја порачав дневната крема за затегнување на лице за 28+, за нормална кожа, претходно ја имав од оваа линија за сите типови кожа, исто и оваа многу ми се допадна.
Која поточно, snow cladonia? Јас ноќната ја имав, малку тешка е (имам масно лице) ама ок , сепак за ноќна крема се работи
Не ти ја масти кожата нели? може наредно да ја испробам дневната кремата за очи да не ја имаш пробано од истава линија?